Снимена досега најголемата забележана експлозија на црна дупка

29.11.2012

Тимот на Европската Jужна опсерваторија сними досега најголема експлозија на црна дупка, оддалечена 11,5 милијарди светлосни години. Монструмот наречен SDSS J1106 1939 се наоѓа во централниот дел на квазар – екстремно сјајна галактика која има маса неколку милијарди пати поголема од Сонцето. Според Нахум Арав од од Virginia Tech, кои исто така се вклучени во истражувањето што ќе биде претставено во The Astrophysical Journal, експлозијата е барем пет пати посилна од досегашниот рекорд. Арав и неговите соработници го забележале процесот со моќните телескопи на ESO во Чиле. „Се надевавме дека некогаш ќе видиме вакво нешто, но силината на процесот комплетно не изненади“ – вели Арав. Експертите проценуваат дека SDSS J1106 1939 е најмалку илјада пати помасивна од црната дупка која се наоѓа во средината на Млечниот пат и дека создава стотина пати поголема енергија од онаа која ја испушта целата наша галаксија. Таа настанала во периодот кога вселената била стара околу три милијарди години. Научниците се надеваат дека новите резултати ќе им овозможат да стигнат до одговорите на некои се уште отворени прашања. Астрономите веруваат дека галактиките на некој начин се ослободуваат од голем дел од масата која во друг случај би завршила во црните дупки и би го помогнала нивниот раст, но се уште не можат да откријат кој е тој процес. За да се одвива тоа, потребна е голема енергија, а според Арав, одговорот можат да го понудат супермасивните црни дупки, кои се енергетски најмоќни објекти во вселената.

Снимената експлозија открива процес со кој младите галактики би можеле да се ослободуваат од масата, а конкретниот квазар испушта маса околу 400 пати поголема од нашето Сонце, со енергија која е два трилиони пати поголема од онаа што ја зрачи Сонцето. Енергијата што се испушта при тој процес се движи со 8.000 километри во секунда, а процесот може да трае од 10 до 100 милиони години. Според Арав, тоа би можела да биде причината поради која галактиките имаат маса помала од она што науката претпоставува дека треба да имаат, и тоа е причината зошто црните дупки во средината на тие галаксии имаат толкава големина. Сепак дополнителните истражувања треба да покажат зошто се случува тоа и зошто има толку малку големи галактики во Универзумот.

Извор: http://news.nationalgeographic.com

Оваа статија е прочитана 5443 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *