27.02.2020
Многумина мислат дека ѕвездата Северница или Поларис е најсветлата ѕвезда на ноќното небо. Сепак, вистината е дека од неа има повеќе од 40-тина посветли ѕвезди. Затоа, ви го претставуваме списокот на 10-те најсветли или најсјајни sвезди, што може да ги забележите на нашето ноќно небо.
1. Сириус (Алфа Канис Мајорис)
Најсветлата sвезда на ноќното небо е Сириус. Сместена е на југ од небесниот екватор на -16,7° и е видлива од речиси целата Земја. Со магнитуда од 1,5 и растојание од околу 8 светлосни години, таа е главна sвезда во coѕвездието Канис Мајор (Големото куче).
2. Каноп (Алфа Карина)
Втората најсветла sвезда е Каноп. Најдобро се гледа од јужната хемисфера и претставува циркумполарна ѕвезда. Во летниот период, видлива е и од јужните делови на Европа. Таа е жолтеникава, џиновска ѕвезда.
3. Ригил Кентаурус (Алфа Кентаури)
Третата најсветла sвезда, Ригел, всушност е дел од соѕвездието Кентаур кој се состои од три ѕвезди, на само 4,4 светлосни години од нашиот Сончев Систем. Најблиска до нас е Проксима Кентаури, мала црвена звезда, наша најблиска соседна ѕвезда видлива само со моќни телескопи. Системот Кентаур не е видлив на географски широчини поголеми од 20°N.
4. Арктуртус (Алфа Бутис)
Четвртата sвезда по сјајност е главната членка на coѕвездието Бутис и е најсветла на северната небесна хемисфера. На југ, видлива е на географски широчини до 50°S. Таа е портокалов џин, оддалечен околу 37 светлосни години и е најистакната на пролетното небо.
5. Вега (Алфа Лира)
Петтата најсјајна ѕвезда е Вега, која е главна во соѕвездието Лира и видлива до 40°S. Таа е бела sвезда, што значи дека сè уште интензивно го трансформира својот водород во хелиум. Сјајноста на ѕвездата Вега, во минатиот век беше земено како референтна „нулта магнитуда“ за сјајност, но понатамошните мерења ја изменија оваа вредност на +0.03. Заедно со Алтер (Алфа Аквила) и Денеб (Алфа Сигни), го формира таканаречениот Летен триаголник. Исто така постои и Зимски триаголник, формиран од Бетелгез, Сириус и Прокион.
6. Капела (Алфа Аурига)
Таа е најважната sвезда во соѕвездието Аурига (Возач) и е со магнитуда од +0.08, а воедно е шестата најсветла ѕвезда на небото. Ова е најблиската сјајна sвезда до северниот небесен пол, што ја прави невозможна за набљудување од географски широчини појужно од 40°S. Оддалечена е околу 42 светлосни години од нас и е систем од повеќе sвезди.
7. Ригел (Бета Орионис)
Седмата најсјајна sвезда на ноќното небо е систем на sвезди, кој се наоѓа во соѕвездието Орион: Ригел (веднаш до маглината „Вештерска глава“) има визуелна магнитуда од +0,18 и се наоѓа на околу 860 светлосни години од нашиот Сончев систем. Главната ѕвезда е сино-бел џин во подножјето на Орион.
8. Прокион (Алфа Канис Минорис)
Прокион е најсјајната ѕвезда во соѕвездието Канис Минор (Мало куче) и е рангирана на осмата позиција на нашата листа. Од нас е оддалечена околу 11 светлосни години. Заедно со Бетелгејз и Сириус, го формира т.н. „Зимски триаголник“. Познато е дека античките Египќани и се поклонувале на оваа сјајна ѕвезда, заедно со Сириус, а се појавува и во вавилонските текстови.
9. Ахернар (Алфа Еридани)
Таа е деветта најсјајна ѕвезда на ноќното небо, на оддалеченост од 144 светлосни години и е со бело-синкаста боја. Не се гледа од северните географски широчини над 30°N, затоа што е циркуполарна јужна sвезда.
10. Бетелгејз (Алфа Орионис)
Десета најсветла ѕвезда и последна на нашиот список е Бетелгејз, црвен супер-џин, со пречник колку од центарот на Сонцето до орбитата на Марс. Се наоѓа во рамото на Орион, лево како што набљудуваме. Се проценува дека е на растојание од 640 светлосни години од Сончевиот Систем.
Извор: https://penningtonplanetarium.wordpress.com/2016/02/04/the-10-brightest-stars/
Изработила: Бојана Алексова – студент на наставна географија
Оваа статија е прочитана 7741 пати!