За порталот

Почитувани,

ИГЕО порталот е креиран за популаризација на географијата и поголема застапеност на географските информации, како од Македонија, така и од светот. Порталот е креиран уште во ноември 2011 година од страна на д-р Ивица Милевски, професор на Институтот за географија во Скопје, кој е и сегашен негов сопственик. Од 2021 година, ИГЕО порталот е редизајниран, обновен и префрлен на сегашната адреса igeoportal.net.

Уредувачкиот одбор на ИГЕО порталот го сочинуваат:

  • д-р Ивица Милевски
  • м-р Бојана Алексова

Сите заинтересирани, можат слободно да ги прегледуваат, коментираат па дури и да доставуваат свои информации, статии, текстови, осврти и други содржини на ИГЕО порталот. При тоа, треба да се води сметка за видот на содржините и да се придржува до етичкиот кодекс. Бидејќи станува збор за географски портал, ќе бидат објавувани само географски или сродни содржини и известувања, без политички, верски, национални конотации, навреди, вулгарности, меѓусебни преписки и слично.

Објавување на научно-популарни статии

Меѓу основните цели на ИГЕО порталот е објавување на што поголем број интересни, информативни и оригинални научно-популарни статии поврзани со географијата. За објавување на научно-популарна статија, решава уредувачкиот одбор на порталот, по претходно добиен текст.
За да биде објавена, статијата мора да исполнува неколку критериуми:

  • Да биде оригинална, односно да не е претходно објавена под ист наслов и со иста содржина на некој печатен, електронски или друг вид на медиум;
  • Да биде од областа или тесно поврзана со географијата, туризмот, астрономијата и сите останати географски суб-дисциплини (физичка географија, демогеографија, економска географија, заштита на животна средина, картографија, ГИС и др.);
  • Да има јасен и концизен наслов, воведен текст, главен текст, по потреба заклучен текст и задолжителен извор од каде се земени податоците;
  • Да има барем 1-2 фотографии или карти, скици, шеми и сл;
  • Текстот не треба да е подолг од 2 страници А4 формат со стандарден проред и фонт со големина 12.

По доставувањето на работната верзија на статијата, уредувачкиот одбор во рок од 2-3 дена ќе даде свои забелешки, препораки или ако се исполнети сите услови, ќе ја објави статијата.

НАПОМЕНА: текстот во статијата не смее да биде целосно преземен од друга статија, научен труд или публикација на друг автор.

ОДГОВОРНОСТА за напишаниот текст и цитирањето (изворот на податоци) е на самите автори. Текстовите, информациите и коментарите не се ЛЕКТОРИРАНИ, иако статиите кои забележливо отстапуваат од македонскиот литературен јазик, нема да бидат објавувани.

Објавување на коментари

Објавувањето на коментари е можно без регистрација. Единствено внесувате текст во делот за коментари и по прегледувањето од модераторот, истиот ќе биде објавен во најскоро време. Во коментарите може да поставувате и прашања, да давате идеи, ваши замисли и слично, повторно придржувајќи се кон наведените кодекси на почитување и академско ниво.

Корисно е авторите на текстовите или коментарите да ги остават своите имиња, иако може да се објавува и во анонимна форма. Се замолуваат авторите да водат сметка за големината на фотографиите и останатиот мултимедијален материјал, кои не би требало да надминуваат големина од 1 мегабајт. За поголеми фајлови, најдобро е да се поврзат со помош на линк кон YouTube или некоја друга страница.

Сите идеи и активности, како и секаква искрена помош за подобро функционирање на Порталот се добредојдени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *