Sentinel-2C: Нов сателит со широки можности за далечинска детекција

На 5 септември 2024 година, беше успешно лансиран Sentinel-2C, трет сателит од мисијата Sentinel-2, која е дел од европската Коперникус програма за набљудување на Земјата. Овој сателит овозможува висока прецизност и подобрена резолуција на снимките, што го прави клучен за следење на глобалните промени на земјината површина.

Иако Sentinel-2A и Sentinel-2B и понатаму функционираат, Sentinel-2C е дизајниран да го замени Sentinel-2A. Ако сите три сателити се одржат во орбитата, тоа би резултирало со подобрена можност за снимање без облаци, што е посебно важно за облачни региони.

Copernicus Sentinel 2-C; Фото: www.esa.int

Времетраење на снимање и резолуција

Sentinel-2C ќе обезбедува нови снимки на секои 5 дена, а со сите три сателити, ова време би можело да се намали на 3 дена. Сателитот има резолуции од 10 m, 20 m, и 60 m за различни спектрални канали. Една снимка опфаќа површина од 290 km, што овозможува детален мониторинг на големи подрачја.

Sentinel 2; Фото: www.esa.int

Примена на Sentinel-2C податоците

Податоците од Sentinel-2C наоѓаат примена во различни научни и практични области и тоа:

  • Следење на земјоделски површини: Овозможува детална анализа на здравјето на растенијата и следење на состојбата на земјоделските култури, со можност за рано откривање на суши или болести.
  • Мониторинг на природни катастрофи: Sentinel-2C може да ги мапира подрачјата погодени од поплави, пожари, свлечишта и одрони е, што е клучно за брза реакција и заштита.
  • Мониторинг на климатски промени: Сателитот обезбедува податоци за долгогодишно следење на промени во глечерите, деградација на шумите, крајбрежна ерозија и сл., што е важно за справување со последиците од климатските промени.

Спектрални канали (бендови)

Sentinel-2C користи 13 различни спектрални канали кои покриваат широк опсег на бранови должини, од видлива светлина до краткобранова инфрацрвена (SWIR). Некои од главните канали вклучуваат:

  • B2 (Сина): Користи за мапирање на водни тела и анализирање на океанските екосистеми.
  • B4 (Црвена): Идеален за класификација на земјиште и вегетација.
  • B8 (Блиско инфрацрвено): Овозможува следење на состојбата на вегетацијата.
  • B11 и B12 (SWIR): Користат за мониторинг на содржината на влага во почвата и за детекција на пожари.
Sentinel 2-C пред лансирање во орбитата; Фото: www.esa.int

Овој нов сателит го зголемува капацитетот за набљудување на Земјата и е важен инструмент за научно-апликативни истражувања и управување со природните ресурси, особено за оние кои се занимаваат со далечинска детекција.

Референца: www.esa.int
Изработила: м-р Бојана Алексова

Оваа статија е прочитана 30 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *