На ден 17.05.2022 година, јас како претседателот на Истражувачкото здружение на студенти географи „Природник“, Бојана Алексова, учествував на средба со претставници на студентското здружение и собрание на Природно-математичкиот факултет во Косовска Митровица, при Универзитетот во Приштина. Средбата беше организирана во рамките на заедничкиот ручек со Ректорот на Приштинскиот Универзитет (со привремено седиште во Косовска Митровица, проф. д-р Небојша Арсиќ, како и Деканот на ПМФ во Косовска Митровица, проф. д-р Дејан Гурешиќ.Состанокот помина во мошне пријатна и пријателска атмосфера, со дискусија за можности за идна соработка помеѓу двете студентски друштва. Беше разговарано за размена на студенти помеѓу Оделот за географија при ПМФ во Косовска Митровица и студенти од Институтот за географија при ПМФ во Скопје, како и учество на заеднички теренски и едукативни работилници, теренски истражувања и многу други активности. Се на се, прекрасна и едукативна средба со млади ентузијасти, со извонредни однос, организација и гостопримство.Инаку, она што позитивно ме изненади е фактот што поголемиот дел од студентите и наставниот кадар на ПМФ во Косовска Митровица е на стручни усовршувања, посети и истражувања во странство (од Австрија и Чешка, до Бразил и Конго). Ваквиот пример за интензивна меѓународна соработка и размена, треба да биде мотивација и поттик за нас помладите кадри на Институт за географија, при ПМФ во Скопје. Во неофицијалниот дел од средбата заедно со претставниците на студентската организација од Косовска Митровица, го посетивме манастирот Бањска кај Звечан, како и блиската Рајска Бања, прекрасен пример за мал, но модерен спа центар. Исто така, за време на посетата ги разгледавме градовите Звечан и Косовска Митровица.Благодарност до раководсвото на ПМФ во Косовска Митровица за извонредниот пречек, посветеното внимание и желбата за искрена соработка. Од своја страна, јас како претседател на ИЗСГ „Природник“ упатив покана до претсавниците на студентската организација да не посетат и да земат учество на некој од нашите терени. Тоа би било од голема корист и за нас како здружение, во смисла на размена на заеднички искуства и нови можности за соработка.
Подготвила: Бојана Алексова, дипломиран географ и Претседател на ИЗСГ „Природник“
Оваа статија е прочитана 821 пати!