Учество на Вториот Конгрес за студентски активизам во Приштина, Косово

Во средината на мај 2022 година, ИЗСГ „Природник“ доби покана од УСС (Универзитетско Студентско Собрание), при УКИМ, да учествува на Вториот Конгрес за студентски активизам во Приштина, Косово, кој се одржа во периодот 21-22.05.2022 година. Ова е еден од најголемите и најзначајни студентски настани од ваков вид во овој дел на Балканскиот Полуостров. На настанот присуствуваа преку 100-тина студенти и претставници на студентските здруженија од Универазитетите во регионот. За жал, иако поканата беше до сите членови на Природник, поради недоволен интерес, на настанот учествував само јас. Настанот беше организиран во две сесии, на кои се зборуваше за учеството на студентите и нивните здруженија во подобрување на квалитетот на високото образование.Главната поента беше дека студентските организации треба да имаат многу поголемо влијание во правците на развојот на Универзитетите преку подобри студиски програми, поголема пракса во наставата, поголема мобилност и меѓународна соработка, размена на студенти и професори и добивање на нови бројни искуства, воведување на нови технологи и пристапи во наставата и сл.Од дискусиите на Конгресот особено произлезе потребата за подобрување на работата на студентските здруженија и статусот на студентите во Македонија (посебно ако се спореди со состојбата во Албанија, Косово и другите држави во регионот). Во таа смисла, сосема евидентно е нашето заостанување и неопходноста да го фатиме чекорот со соседните држави, за што пак треба многу повеќе финансии од домашни и меѓународни извори.Инаку, овој настан беше реализиран со финансиска поддршка на американската фондација National Endowment for Democracy (NED), во рамките на проектот: „Промовирање на младинскиот ангажман“, организиран од ORCA (Организација за подобрување на квалитетот во образованието). Во неформалниот дел, беше организирано заедничко дружење за претставниците на студентските организации, на кое се воспоставија бројни нови контакти, се разменија конструктивни идеи и насоки за заедничко делување. Исто така, следниот дел беше изведена посета до манастирот Грачаница кој е под заштита на УНЕСКО и разгледување на градот.Се на се, изворедно искуство за мене како Претседател на ИЗСГ „Природник“. Лично се надевам дека на следните настани од ваков тип ќе учествуваат што повеќе претставници од ИЗСГ „Природник“, кои на тој начин вистински ќе ја промовираат географијата и нашиот матичен Институт. Во тој правец, неопходно е целосно разбирање, поддршка и поттик од раководството на Институтотот за географија на ПМФ во Скопје.

Подготвила: Бојана Алексова, дипломиран географ и Претседател на ИЗСГ „Природник“

Оваа статија е прочитана 935 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *