Во вторник рано наутро започнува есента!

20.09.2014

EmiricaПо дождливото, променливо и подпросечно топло лето, во вторник на 23 септември, во 4 часот и 29 минути по средноевропско време, во Република Македонија започнува есента. Тој ден на северната хемисфера е есенска рамноденица, а на јужната пак пролетна рамноденица (таму почнува пролетта), односно денот и ноќта траат подеднакво. Всушност поради влијанието на атмосферата и прекршувањето на сончевите зраци низ неа, на 23 септември денот ќе трае за околу 10 минути подолго (вистинска рамноденица ќе биде на 24-25 септември).
Во вторник, Сонцето ќе излезе околу 6 часот и 27 минути точно на исток, а ќе зајде околу 18 часот и 37 минути точно на запад. Оддалеченоста на Земјата од Сонцето ќе биде околу 150,1 милиони км или близу просечната вредност.
Есента ќе заврши на 22 декември во 3 минути по полноќ. Тогаш на северната полутопка почнува зимата и овој ден е познат како зимски солстициум или зимска краткоденица. Значи од вторник, постепено до 22 декември ноќта ќе се зголемува до 15 часа, а денот ќе се намали на само 9 часа. Во исто време, додека на северната хемисвера почнува есента, на јужната пак започнува пролетта и таму ноќите ќе стануваат пократки од деновите исто така до 22 декември.
Инаку оваа лето во Македонија и на Балканскиот Полуостров беше влажно, дождливо и значително поладно од претходната година, така што преминот кон есен, климатски и нема осетно да се почувствува.

Автор: д-р Ивица Милевски

Оваа статија е прочитана 4788 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *