Овој август најтопол на глобално ниво откако се вршат регуларни мерења!

21.09.2014

Според податоците на НАСА, минатиот месец на глобално ниво е најтоплиот август откако се вршат регуларни мерења за глобалната температура, односно од 1880 година. Имено, температурата на воздухот за август 2014 година, била 16,4 степени Целзиусови, односно околу 0,8 степени повисока од просечната температура за истиот месец во XX век (15,6 степени). Сепак, оваа аномалија не била изразена секаде подеднакво. Така, западниот Антарктик бил дури 4 степени потопол од просечните вредности, а невообичаено високи температури за овој месец имаше во крајните источни делови на Европа, потоа во Аргентина, западна Австралија, Лабрадор и други подрачја. Обично, многу високи летни и особено августовски глобални температури има при појава на Ел Нињо, феномен кој условува значително загревање на јужниот Пацифик. Ел Нињо се јавува на 4-5 години и трае од 12 до 18 месеци. Како последица од него, во тропските предели значително се зголемуваат врнежите, а во умерените подрачја пак се јавуваат долготрајни суши. Со оглед на тоа што веќе се очекува почетокот на следниот Ел Нињо, многу е веројатно месец август во 2015 / 2016 година да биде уште потопол.
За разлика од изразито високата просечна глобална вредност, на Балканскиот Полуостров, месец август беше поладен од просекот (за околу 1-2 степени Целзиусови) и речиси двојно повлажен во однос на просечните 30-60 мм врнежи.

Извор: http://www.scienceworldreport.com/articles/17252/20140918/2014-august-global-average-temperatures-highest-record.htm

Подготвил: д-р Ивица Милевски

Оваа статија е прочитана 3762 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *