Лансиран најмоќниот вселенски телескоп „Гаја“

19.12.2013

Денес, Европската вселенска агенција (ЕСА) го лансира најмоќниот вселенски телескоп „Гаја“ со ултраосетлива камера чија резолуција изнесува еден гигапиксел (милијарда пиксели). Проектот чини околу 740 милиони евра и е еден од најамбициозните досега изведени од ЕСА. Целта е камерата и инструментите на телескопот да ги забележат положбите, оддалеченостите и некои други карактеристики на над милијарда ѕвезди од нашата Галактика, а притоа ќе го мерат движењето на околу 150 милиони ѕвезди. Со тоа ќе се добие подобар увид во развојот на галактиката и нејзиниот еволуциски стадиум. Исто така, прецизните инструменти на телескопот ќе откриваат нови ѕвезди, планети и астероиди, кои не можеа да се видат со досегашните телескопи. Всушност станува збор за 2 телескопи поставени на иста платформа и 3 извонредно прецизни инструменти. Целиот проект е разработуван речиси 20 години од повеќе држави во Европа и се очекува да биде еден од најуспешните проекти од ваков тип.

Инаку, „Гаја“ е лансирана со помош на руската ракета „Сојуз“ од Француска Гвајана, а орбитата ќе биде на оддалеченост од 1,5 милиони км, на темната страна на Земјата (заради избегнување на пречките од Сонцето).

Автор: д-р Ивица Милевски

Оваа статија е прочитана 4066 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *