19.09.2013
Највисокиот цивилен аеродром на светот оваа недела почна да ги прима првите авиони, во обидот на Кина да го зајакне туризмот во непристапниот југозападен дел на земјата. На височина од 4.411 метри сечуанскиот аеродром Даоченг Јадинг го истисна од првото место аеродромот Бандга на Тибет, кој е на височина од 4.334 метри. На таа височина авионите создаваат помал потисок заради пореткиот воздух, заради што потребно е пистата да биде подолга. Патеката на аеродромот Даоченг Јадинг е долга 4,2 километри, односно 242 метра пократка од најдолгата писта на светот, онаа на њујоршкиот аеродром ЏФК. Државните медиуми јавуваат дека новиот аеродром ќе го скрати времето на патување до главниот град на покраината Сечуан од два дена возење со автобус, на 65 минути лет.
Оваа статија е прочитана 3681 пати!