Во пресрет на 5-тиот роденден на ИГЕО-порталот

9.11.2016

IGEOВо петок, на 11 ноември, се навршуваат 5 години откако беше воспоставен ИГЕО-порталот, првиот географски портал во Република Македонија. На тој ден, беше објавена и првата статија со наслов: Вулканска ерупција во близина на Канарските острови.

Во изминатиот 5-годишен период, на ИГЕО се објавени близу 800 статии во категориите: географски вести, чудесна Македонија, по Светот, наставни и други содржини. Без оглед на бројните скептични очекувања, порталот досега го посетиле речиси 300 000 „уникатни посетители“ (кои не се повторуваат), а вкупниот број на посети е близу 600 000. Ако на тоа се додаде и посетеноста на содржините од ИГЕО пренесени преку другите портали и медиуми, бројката е речиси двојно поголема. Во таа смисла, посебна благодарност до порталот Факултети (fakulteti.mk) како еден од најследените во Македонија, кој речиси редовно ги пласира нашите статии до поширокиот аудиториум.

За идниот период се планирани повеќе новитети на ИГЕО за кои наскоро ќе може да дознаат читателите и сите оние што не следат. Наредните денови пак, ќе презентираме детални податоци за досегашните содржини на порталот, нивното влијание, значење во јавноста, кај студентите и сите заинтересирани во смисла на објективно и оригинално информирање. Всушност, сите овие години, главна заложба беше токму објавување на оригинални статии, информации, карти, достигнувања во географската наука и сето останато што не чини единствен портал од таков вид во Македонија.

ИГЕО-портал

Во оваа прилика ги охрабруваме сите вљубеници во географијата, да достават свои интересни, содржински и оригинални статии кои ќе ја збогатат географската информираност во нашата држава и пошироко, но и самите ќе се промовираат како вистински географи.

Од уредникот,

д-р Ивица Милевски

 

Оваа статија е прочитана 4561 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *