Интересна интерактивна карта на ветровите во реално време

19.12.2013

VeterАмериканскиот информатичар Камерон Бекарио, осмисли и постави на интернет интересна интерактивна карта на која речиси во реално време може да се види во кои делови на светот и со каква брзина дуваат ветровите. Податоците за ветровите се преземаат на секои 3 часа од базата на податоци на Американската национална метеоролошка служба (NWS). Во потрага за некое конкретно место, корисниците можат да го погледнат било кој дел од планетата. Ветерот е прикажан како тенки зелени линии кои покажуваат во кој правец дува, а густината на линиите пак укажува на брзината на ветерот. По изборот на конкретна локација со кликнување, во долниот лев агол на картата се појавува последната забележана брзина на ветерот. Инаку, можно е на картата да се врши зумирање, а доста прегледна е и територијата на Република Македонија (јасно се гледа дека главно има сосема слаб ветер, што е и причина за задржување на магла и аеросоли во воздухот).

Интерактивната карта можете да ја гледате овде или на долниот линк.

http://earth.nullschool.net/#current/wind/isobaric/1000hPa/orthographic=17.38,46.22,671

Подготвил: д-р Ивица Милевски

Оваа статија е прочитана 5315 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *