Гаја ќе ја картира нашата Галактика и ќе внимава на непожелните астероиди

22.10.2013

На 20 ноември оваа година, Европската вселенска агенција (ЕСА) ќе го лансира сателитот Гаја кој треба да ја направи најпрецизната тродимензионална карта на нашата Галактика. Тоа ќе го направи така што ќе сними околу 1% од 100 милијарди ѕвезди во Галактиката, анализирајќи го нивното движење, гравитација, светлина, температура и други важни податоци. Исто така, овој сателит ќе ја набљудува „слепата зона“ меѓу Земјата и Сонцето и ќе ги забележува астероидите што би можеле да бидат потенцијално опасни за Земјата, а кои претходно не можеа да бидат видени поради зрачењето на Сонцето. Досега астрономите не беа во можност да ги видат астероидите што орбитираат меѓу Земјата и Сонцето, зашто силното зрачење ги заслепуваше телескопите. Еден таков астероид удри во Земјата во февруари, погодувајќи го рускиот град Челјабинск. Меѓутоа, Европската вселенска агенција наскоро ќе ги следи овие претходно „невидливи“ астероиди. За време на 5-годишната мисија, Гаја можеби ќе направи и други значајни откритија, како нови планети, ледени тела во надворешните делови на Сончевиот систем, супернови експлозии и друго.

Извор: http://www.24sata.hr/znanost

Подготвил: д-р Ивица Милевски

Оваа статија е прочитана 3764 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *