23.05.2013
Следните неколку вечери, Јупитер, Венера и Меркур ќе се гледаат заедно, ниско на западно-северозападниот хоризонт, формирајќи сјајна групација од три планети. Глетката ќе биде најубава за време на викендот (25-26 мај), околу половина час по заоѓањето на Сонцето (20.30-21.00 часот), особено доколку времето е ведро. Тоа е одлична можност за фотографирање на трите планети, кои до крајот на месецот повторно ќе се „раздвојат“. Инаку, Венера и Јупитер се најсјајни планети на небото, првата поради малата оддалеченост од Земјата и значителната површинска рефлексија на сончевите зраци, а втората поради огромните димензии (пречник од 140.000 км).
Извор: ИГЕО портал
Оваа статија е прочитана 3313 пати!