Мразната покривка на Арктикот го достигна својот рекорден минимум!

25.08.2012

Податоците добиени со мерењата на најновите сателитски снимки, покажуваат дека површината на Арктичкиот Океан која е покриена со мраз, до крајот на август може да стане рекордно мала. Американските научници укажуваат дека замрзнатиот дел од Арктикот оваа година е помал дури и од претходно рекордната 2007 година. Така, на 13 август замрзнатата површина изнесувала само 483.000 км кв., многу помалку од истиот датум во 2007 година. Мразот ќе продолжи да се топи до средината или крајот на септември, а веќе на крајот од овој месец се предвидува дека ќе има нови рекорди. Научниците уште претходно објавија дека просечното топење на мразот во оваа година е доста брзо, така што секој ден се топи по околу 100.000 метри кв. Всушност оваа година топењето во текот на месец август значително се забрза во однос на вообичаените години. Се верува дека тоа е поврзано со силното невреме кое го зафати овој простор во почетокот на август, што услови кршење на блокови мраз и нивно полесно топење. Според предвидувањата на американските климатолози, многу веројатно е до 2030 година целосно да се стопи арктичкиот мраз. Сето тоа ќе предизвика уште подрастични климатски промени, особено на северната хемисфера.

Подготвил: д-р Ивица Милевски

Оваа статија е прочитана 3074 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *