Во недела голем астероид ќе помине покрај Земјата!

21.07.2012

Покрај бројните мали метеори и астероиди со големина од неколку метри до неколку десетици метри, во недела на 22 јули покрај Земјата ќе помине значително поголем вселенски објект. Имено, станува збор за астероид означен како 2002 АМ31 кој има пречник од речиси 1 км и е класифициран во групата „близу-Земјени објекти“, односно „близу-Земјени астероиди“. Истиот ќе биде следен во живо (www.slooth.com) со телескопи и камери на Земјата и во вселената. Судир со астероид со ваква големина би предизвикал вистинска катаклизма на Земјата со огромни последици за човештвото, за што веќе е пишувано на ИГЕО порталот (http://www.igeografija.mk/Portal/?p=2379). Овој пат нема потреба од страв, бидејќи според прецизните мерења 2002 АМ31 ќе помине на растојание од околу 5.200.000 км или близу 14 пати подалеку од оддалеченоста на Месечината. Сепак, според астрономски „стандарди“ за вака голем астероид тоа е релативно блиска „средба“. Токму затоа е на „листата на следење“ и во групата „потенцијално опасни астероиди“ бидејќи во одреден момент во иднината може да биде вистинска закана за нашата планета.

Извор: http://www.space.com

Подготвил: д-р Ивица Милевски

 

Оваа статија е прочитана 5127 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *