Прекрасен пештерски систем во источниот дел на Австрија кој наликува на вонземски свет!

21.07.2012

Извонредната збирка на фотографии на неодамна откриените пештери и пропасти во областа Обир Тропстејн во источна Австрија, остава без здив и речиси е невидена до сега. Со прекрасните пештерски формации и одлични светлосни ефекти, внатрешноста на овие природни подземни објекти лесно може да се замени со некаков вонземски свет. Инаку, целта на истражувањата, покрај убавините на подземјето е и да се добијат одредени податоци за климатските промени „запишани“ во наслагите на карпите. Исто така, користејќи флуоресцентна материја која ја пуштаат во околните водотеци, научниците се обидуваат да ги следат и картираат подземните канали, за да одредат во кои правци се движи водата под земја. На тој начин би се утврдиле подземните врски, а би можеле да се преземат и мерки за превебнција на евентуалното загадување на овие водотеци. Спелеолозите и истражувачите ги придружуваат неколку професионални фотографи, кои ризикувајќи си ги дури и своите животи, се спуштаат стотици метри во длабочините. Користејќи софистицирана опрема за снимање, камери и рефлектори, тие добиле фасцинантни снимки кои ретко може да се видат. Целта им е на обичните луѓе кои немале можност да влезат во поголеми интересни пештери, па и на оние кои влегувале со обична спелеолошка опрема, да им ја прикажат убавината на подземниот свет во вистинско издание. Ве оставаме и вие да уживате во фотографиите.

Инструменти кои ја мерат водата прокапница во новооткриениот пештерски систем во источна Австрија

Уникатни мермерни пештерски „ѕидови“ во пештерата наречена Спанагел во источна Австрија

Форми создадени под дејство на кристално чистата подземна вода во пештерата Катерлох во источна Австрија

 Мали езерца со пештерски столбови во Катерлох – источна Австрија

Фасцинантна мермерна внатрешност на пештерата Спанагел – источна Австрија

Извор: http://www.dailymail.co.uk

Подготвил: д-р Ивица Милевски

Оваа статија е прочитана 4510 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *