Географска размена на ИЗСГ Природник (Егеа Скопје) во Марбург, Германија

Во периодот 1-6 јуни 2023 година се оддржа размена на студенти помеѓу ИЗСГ Природник (Егеа Скопје) и Егеа Марбург, во Марбург, Германија. На размената учествуваа тројца членови-географи од студентското здружение: Бојана Алексова, Евгенија Калајџиева и Никола Трајковски.Во текот на студентскиот престој имавме можност да го посетиме Географскиот факултет во Марбург, да се запознаеме со многу членови од нивното студентско друштво, а особено значајно за нас беше можноста да ја презентираме нашата држава со природните, културните и туристичките особености.Покрај посетата на Марбург, германските домаќини организираа еднодневен терен во еден од најважните градови во Европа – Франкфурт, каде беше направен преглед на некои од најважните знаменитости на градот: Еврокулата – седиштето на Европската централна банка, Main Tower – облакодер од кој имаше прекрасен панорамски поглед на градот, Франкфуртскиот железен мост и друго.Дел од забавните активности беа авантуристичко кајакарење, планинарење, пикник, истражување на прекрасниот Марбург и неговите природни и културни геоатрактивности, разладување во езерото во близина на Марбург, традиционална вечер со игри и музика, правење пици во фурна, посета на ботаничка градина и сл.Ова размена несомнено беше прекрасно и огромно искуство за нас како млади географи, а во блиска иднина ги очекуваме нашите колеги географи од Марбург на студентска размена во Скопје. Во оваа прилика сакаме да искажеме огромна благодарност до нив, за нивната гостопримливост, убаво дружење и пријатен престој.

Напишале: Евгенија Калајџиева, Бојана Алексова и Никола Трајковски

Оваа статија е прочитана 277 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *