Најпопуларните национални паркови во САД

Според статистичките податоци, во 2021 година повеќе од 300 милиони туристи ги посетиле американските национални паркови (од Акадија во Мејн до Сион во Јута). Масивниот туризам е еден од најпознатите видови на туризам во САД. Во тој поглед, во 2021 година е забележана рекордна посетеност во некои од најпознатите национални паркови во САД. Туристите се привлечени од пространоста и разновидноста на релјефот, водените површини, дивината на Алјаска и Хаваи и сл. Во прилог, со краток опис се претставени најпосетените национални паркови во Соединитетите Американски Држави.

10. Национален Парк Глечер

Во 2021 година, 3 милиони луѓе ги посетиле снежните маси (кои сè повеќе се намалуваат поради климатските промени), во Националниот Парк Глечер во Монтана. Патот во паркот наречен „Одење кон сонцето“, со своите кривини и спектакуларни планински погледи, претставува еден од најавантуристичките предели во светот.

9. Национален Парк Индиана Дини

На помалку од еден час возење од Чикаго, Националниот Парк Индијана Дини е заштитено живеалиште за речиси 1130 автохтони растенија во пределот на песочни езерски брегови и мочуришта. Тој е 61 национален парк во САД во 2019 година.

8. Национален Парк Гранд Тетон

Врвовите на планинскиот предел Тетон на Карпестите Планини кои се извонредно импозантни, се издигнуваат на речиси 7000 m н.в. над долината Вајоминг, што ги прави извонредни. Езерата на националниот парк Гранд Тетон, сините и белите глечери, богатиот геолошки диверзитет, како и голите гранитни врвови привлекле 3,9 милиони посетители во 2021 година.

7. Национален Парк Акадиа

Националниот Парк Акадија е лоциран долж средниот дел на брегот на Мејн, југозападно од Бар Харбор. Поседува извонредна природна убавина на карпести предели, вклучувајќи ги и највисоките планини долж брегот на Атлантикот. Акадија може да се пофали со заледен крајбрежен и островски пејзаж, изобилство на живеалишта, високо ниво на биолошка разновидност, чист воздух и вода и богато културно наследство. Поголемиот дел од паркот се наоѓа на островот Маунт Десерт, со села во околината, како и голем број на приватен имот.

6. Национален Парк Јосемит

Крстоносниот поход на Џон Муир доведе до создавање на Националниот Парк Јосемит во Калифорнија во 1890 година. Повеќе од 3 милиони посетители годишно доаѓаат во овој „храм“ со гранитни карпи и високи водопади. Најпосетувана е долината Јосемит, која претставува кањон широк околу 1,5 km и долг 11,2 km. Истиот е пресечен од реката Мерцед, а потоа е проширен и продлабочен со глацијално дејство. „Ниту еден „храм“ направен со човечка рака не може да се натпреварува со Јосемит“ е легендарната изјава на Џон Муир.

5. Национален Парк Јелоустоун

Националниот Парк Јелоустоун е всушност првиот Национален Парк во светот, кој инаку бил посетен од 4,9 милиони луѓе во 2021 година. Огромниот резерват – кој опфаќа 2,2 милиони хектари во Вајоминг, Ајдахо и Монтана има карпести врвови, импресивни гејзери, алпски езера, длабоки шуми и богатство на диви животни.

4. Национален Парк Зион

Издигнувајќи се во земјата на високата висорамнина на Јута, реката Вирџин го пробила својот пат низ кањонот Сион до пустината во јужниот дел. Впечатливата вертикална топографија на Националниот Парк Сион, претставена со карпести кули, кањони од песочници и остри карпи привлкла 5 милиони посетители во 2021 година.

3. Национален Парк Карпести Планини

Огромните алпски глетки привлекле 4,4 милиони посетители во Националниот Парк Карпести планини во Колорадо, во 2021 година. Паркот содржи 150 езера и потоци во должина од 724 km, екосистеми почнувајќи од мочуришта, борови шуми, планински области, се до алпски тундри.

2. Национален Парк Гранд Кањон

Во 2021 година, Националниот Парк Гранд Кањон привлекол 4,5 милиони луѓе. Воедно, станува збор за еден од најголемите кањони на Земјата, кој е длабок 1 km и широк до 28,9 km во некои точки. Туристите вообичаено го истражуваат со планинарење, јавање мазги или рафтинг во реката Колорадо.

1. Национален Парк Great Smoky Mountains

Повеќе од 14 милиони туристи го посетиле НП Great Smoky Mountains во 2021 година. Туристите најголемо внимание посветиле на мистичните и магливи врвови, долините со водопади преку живописен автопат со планински препреки или пак преку 1.287.4752 километри пешачки патеки кои се протегаат низ Северна Каролина и Тенеси.

Извор: www.nationalgeographic.com/travel/national-parks/article

Напишала: Бојана Алексова, дипломиран географ, ПМФ-УКИМ

Оваа статија е прочитана 260 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *