Некои од најуникатните пејсажи во Македонија фотографирани во 2015 година!

27.12.2015

Во текот на оваа 2015 година, имавме можност да посетиме, истражиме и разгледаме разни подрачја низ речиси сите делови на Македонија. Од сите тие географско-истражувачки активности произлегоа голем број фотографии, а некои од нив се навистина импресивни. Овде направивме избор од дваесетина фотографии кои сведочат за извонредната природна убавина на нашата држава и разновидноста на пејсажите во неа, без оглед на релативно малата територија која ја зафаќа. Се надеваме дека и вие ќе уживате во нашиот избор.

Вевчанско Езеро на планината Јабланица, со највисокиот врв Црн Камен (2257 м) во позадината
Вевчанско Езеро на планината Јабланица, со највисокиот врв Црн Камен (2257 м) во позадината
Охридско Езеро со Заливот на коските
Охридско Езеро со Заливот на коските
Лесновскиот кратер со селото и манастирот во подножјето
Лесновскиот кратер со селото и манастирот во подножјето
Дебарско Езеро со бројните заливи и полуострови
Дебарско Езеро со бројните заливи и полуострови и планините Крчин и Стогово во позадината
Беровско Езеро со еден од своите Заливи
Беровско Езеро со еден од своите Заливи
Езерото Козјак со браната и планината Сува Гора во позадината
Езерото Козјак со браната и планината Сува Гора во позадината
Охридско Езеро и стариот дел од градот Охрид
Охридско Езеро и стариот дел од градот Охрид
Поглед на Планината Герман од превојот кај с.Страцин.
Поглед на Планината Герман од превојот кај с.Страцин
Шар Планина со врвот Бакрдан (2704 м)
Шар Планина со врвот Бакрдан (2704 м)
Исушеното вештачко езеро Пишица на јужните падини на Манговица
Исушеното вештачко езеро Пишица на јужните падини на Манговица
Преспанско Езеро со планината Баба (Пелистер) во позадината
Преспанско Езеро со планината Баба и врвот Пелистер во позадината
Градската плажа во Струга со поглед на Охридското Езеро
Градската плажа во Струга со поглед на Охридското Езеро и полуостровот Лин
Есенски залез на Сонцето над планината Козјак (Кумановски)
Есенски залез на Сонцето над планината Козјак (Кумановски)
Земјани столбови и кукли во месноста Кукуље кај Делчево
Земјани столбови и кукли во месноста Кукуље кај Делчево
Пробиштип во магла со Осоговските Планини и Плачковица во позадината
Пробиштип во магла со Осоговските Планини и Плачковица во позадината
Кочанско Поле за време на сеење на оризот
Кочанско Поле за време на сеење на оризот, со Плачковица во позадината
Археолошкиот локалитет Баргала кај Штип со ограноци на планината Плачковица
Археолошкиот локалитет Баргала кај Штип со ограноци на планината Плачковица
Природен прозорец во карпа во Бислимска Клисура кај Куманово
Природен прозорец во карпа во Бислимска Клисура кај Куманово
Кањонот Матка кај Скопје
Кањонот Матка кај Скопје

 

Дополнителни уникатни фотографии на природните пејсажи низ Македонија, можете да погледнете овде.

Автор на фотографиите: д-р Ивица Милевски

Оваа статија е прочитана 7919 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *