Племето Комбаи – живот како во камено време

25.11.2011. 

Густите шуми на Папуа се богат и комплициран мозаик на различни племенски групи. Далеку од брегот, во подножјето на планините, од авион земјата изгледа како километри на пусти и голи   мочуришта. Но ова е местото каде Комбаите со генерации и генерации останале скриени од надворешниот свет, водејќи го својот примитивен начин на живот како ловци-собирачи. Папуа е Индонезиска половина на островот Нова Гвинеја, еден од последните места на Земјата на кои се уште има празнини во картите. Овде се зборуваат околу 250 јазици. Повеќето групи се составени од само неколку стотици лица, а некои биле контактирани од страна на надворешниот свет сосема неодамна.

Комбаите бројат околу 4000 членови, од кои повеќето живеат во изолирани семејства во куќи на дрвја. Ваквите куќи не само што овозможуваат заштита од топлина и комарци, туку поради високата поставеност овозможуваат одбрана од поплави за време на обилните дождови, како и соодветна заштита во време на конфликт. Племенските заедници во внатрешноста на Нова Гвинеја беа веројатно последни народи на Земјата кои тргуваа со метални производи како ножеви или секири. Во најоддалечените делови на островот, ова се уште се случува и локалните луѓе  користат остри камења за сечење дрвја, бамбусови секачи за режење на нивното месо, а се тргува и со школки или бамбус во кои ја чуваат нивната вода. Готвењето е без садови, со користење на методот на вжештени камења. Комбаите се типични ловци и собирачи. Мажите ловат широк спектар на плен вклучувајќи казуари, диви свињи и торбари во шумата со користење на нивните лакови и стрели и со помош на кучиња за следење. Свињите се припитомени за ритуални употреба.

Главна храна е скроб собран од саго палмите самоникнати во џунглата. На жените им требаат неколку часа да исцедат и исушат неколку купчиња на скроб од палма, а поголемо дрво може да обезбеди доволно скроб за семејството за седум до десет дена. Обично, десетици вакви дрвја се наоѓаат во истата област. Откако ќе се искористат, семејство ќе се пресели на нова локација во територијата на кланот. Покрај тоа, саго палмата на Комбаите им обезбедува особен деликатес: црви и ларви од саго. Палмата се соборува, се остава еден месец, а потоа се завиткува во листови каде што продолжува да скапува, за кое време во дрвото се развиваат ларви. Комбаите се враќаат  три месеци подоцна, кога остатоците се полни со ларви.
Џунглата е поделена на кланови територии. Таму каде што не живеат клановите се територии на духови. Влегување на странец во територија на клан се гледа како на закана – потенцијално по самиот живот. Дури и зборот Kwai, што значи “дух” или “духот”, е исто така збор со кој се опишува странец.
Се чини дека во племето Комбаи сеуште постои канибализам. Тоа е вид на племенски казна: само мажите идентификувани како вештерки од заедниците Куму Какуа, или мажите кои практикуваат вештерство – се убиваат и се јадат. Постојат живи сведоци од племиња кои јаделе машки вештери.
“Јас сум исплашен од Какуа-Куму, кажува еден Комбаи човек. “Секој пат кога одам сам или ловам сам, мислам на нив и сум исплашен … Ако Какуа-Кумбу убие бло кој од моите браќа, јас ќе го убјам пак него. Ако доаѓа од друг клан, ќе го убијам и ќе го изедам. Ако доаѓа од кај нас, ќе го дадам на други луѓе да го изедат.
Комбаите веруваат дека Какуа-Куму ги јадат душите на нивните жртви и дека тие мора да бидат убиени и изедени за возврат. Бидејќи се смета  дека душата се наоѓа во мозокот и стомакот, одмаздата доаѓа со јадење на тие органи на Какуа-Куму за на нивниот терор да му дојде крај.
Други традиции на Комбаите вклучуваат пирсинг на нивните носеви со трн од саго. Од време на време, прстите од лилјаци исто така се користат за оваа орнаментика, особено на жените. Друга традиција е поврзана со мажите и вклучува инверзија нивните пениси при што се турка пенисот назад во нивните тела, а она што останало се замотува во лист.

Иднината на Комбаите

Нова Гвинеја е преоптоварена со политиката. Рударство, сеча, меѓу племенски конфликти, индонезиски воени злосторства, мисионерски влијанија, бескрупулозни трговци и претприемачи, трансмиграциски кампови и етничко чистење: регионот постојано е во фокусот на вестите во последните 20 години. Повеќето од племенските заедници и селата во планините се посетуваат од страна на мисионерите и локалните власти, додека пак оние покрај бреговите од огромните реки на Нова Гвинеја, се посетуваат за да ги покажуваат патиштата низ џунглата и мочуришта. Но, во некои области, како во областа на Комбаите, влијанијата се сеуште мали.
Папуа е окупирана од Индонезија од 1963 година. Владата во Џакарта насели стотици илјади доселеници на островот. Окупацијата е брутална, со извештаи за убиства, силувања и други кршења на човековите права од страна на армијата, заради што неколку години беше активен вооружен отпор. Постои една форма на локална влада со горен дом од родени Папуанци, но неговата моќ е ограничена. Вистинската моќ – вклучувајќи ја и контролата на полицијата и армијата е во Џакарта. Неодамна се објави дека повеќе племенски групи во Папуа биле жртви на индонезиско полициско насилство. Папуа лежи на богати наоѓалишта на злато и бакар. Огромните резерви на бакар, вклучувајќи го вториот по големина во светот рудник за бакар во Фрипорт и донесе голема корист на Индонезија, но малку од профитот останува во Папуа.
Друг важен ресурс е миризливото дрво Гахару, многу ценето во Азија и на Блискиот Исток. Папуа има една од последните преостанати големи резерви на вакви зрели дрвја. Нелегалните трговци носат огромен број на стоки, како што острилки, ножеви, храна, облека и садови за Комбаите во размена за мали парчиња на Гахару дрвото што тие го собираат. Ако успеат племенските народи одржливо да го користат тоа дрво, би можело од една страна да ја заштитат својата животна средина, а од друга страна да им обезбеди вреден ресурс за трговија. Но, уништувањето на шумите стана голем проблем. Индонезиските дрвосечи кои уништиле милиони хектари млада шума во Суматра и Калимантан сега се свртуваат кон Папуа. Според владината политика „Оди на Исток “, четири големопоседници ја имаат поделено земјата меѓу нив. Владата плаќа за пробивање на патишта во она што некогаш биле непробојни шуми. Со тоа пак се создаде силна ерозија на земјиштето и уништување на стаништата. Нема ништо едноставно за иднината тука: некои промени ќе бидат добредојдени за Комбаите. Но традиционалните начини на живот во шумата се под голема закана.

Подготвил: д-р Ивица Милевски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *