Последните неоткриени племиња во Светот…

25.11.2011.
Племенска заедница Енвира. Скриени длабоко во темните тропски дождовни шуми, за прв пат примитивно племе дојде лице во лице со модерниот свет. Престрашениот стар клан ги подигна нивните лакови и стрели во самоодбрана од бучниот авион кој го нарушува нивниот мирен свет. Овие неверојатни фотографии покажуваат една од последните “изгубени племиња” преостанати во светот. Во моментов тие се соочуваат со цивилизацијата. Заедницата, позната како Енвира, беше откриена во еден од најоддалечените делови на бразилската дождовна шума, Terra Indigena Kampa e Isolados do Envira, во близина на границата со Перу. Фотографиите прикажуваат околу 20 луѓе кои живеат во ред на едноставни колиби. Некои може да се видат како ги острат стрелите. Експертот за племиња Хозе Карлос дос Реис Меирелес вели: “Го изведовме летот за да ги покажеме нивните куќи – да покажеме дека тие се таму, да покажеме дека тие постојат. Ова е важно, затоа што има некои што се сомневаат во нивното постоење”.

Г-дин Меирелес вели дека според фотографиите, племето се зголемува, но други изгубени племиња се во забрзано опаѓање. Постојат повеќе од 100 такви „недопрени“ племиња во светот, од кои повеќе од половина живеат во Бразил или Перу. Сите се соочуваат со се принудно напуштање на своите земјишта, убивање или се збришани од болести. Стивен Кори, директор на „Опстанок“ – меѓународна организација која ги поддржува племенските групи – вели: Овие слики се уште еден доказ дека неоткриени племиња навистина постојат. Светот треба да се освести за ова и да осигура дека нивната територија е заштитена во согласност со меѓународното право. Инаку, тие наскоро ќе бидат изумрени. Во март, амазонските племиња повикаа филмски екипи да не доаѓаат на нивните територии, откако еден британски телевизиски работник беше обвинет за отпочнување на епидемија на грип во која починаа четворица членови на далечно индијанско племе.

Племето Јаномами

Јаномами се меѓу најголемите релативно изолирани племиња во Јужна Америка, кои не беа воопшто забележани цели 26 години (последен пат биле видени во 1985 година). Тие живеат во тропски шуми и планини на северен Бразил и јужна Венецуела. Како и повеќето племиња на континентот, тие веројатно мигрирале преку Беринговиот теснец меѓу Азија и Америка пред околу 40.000 години, по што полека се спуштaле на југ до Јужна Америка. Денес нивното вкупно население изнесува околу 32.000. Со територија од над 9,6 милиони хектари, племето Јаномами во Бразил, завзема површина двапати поголема од Швајцарија. Во Венецуела, Јаномамите живеат на површина од 8.200.000 хектари во резерватот Алто Ориноко. Заедно, овие области ја формираат најголемата шумска домородечка територија во светот. Над 1.000 копачи на злато сега незаконски работат на земјиштето на Јаномамите, пренесувајќи смртоносни болести, како маларија и загадувајќи ги реките и шумите со жива. Со фармите за говеда, се освојува и обешумува источниот раб на нивната земја. Здравјето на Јаномамите е во голема опасност, а немаат ниту соодветна медицинска нега поради корупцијата и некомпетентноста на Бразилскиот Национален здравствен фонд (FUNASA). Бразилскиот Конгрес во моментов расправа за закон кој, ако биде одобрен, ќе им овозможи на големите рударски корпорации уништување на териториите на домородните племиња. Ова ќе биде исклучително штетно за Јаномамите и другите далечински племиња во Бразил.

Подготвил: д-р Ивица Милевски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *