Глобалното затоплување почна да го топи и врвот на светот!

17.05.2013

Снежната граница на Монт Еверест последните години се искачи за дури 200 метри. Како што објавија научниците на 14.05.2013 година, глобалното затоплување на Земјата достигна до највисокиот врв на светот Монт Еверест (8848 м). Глечерите во регионот на Еверест се намалија дури за 13% во последните 50 години, а снежната граница се издигна за речиси 200 метри. Судеп Такури од универзитетот во Милано и неговите колеги, долг период ги следеа промените на глечерите, температурите и врнежите на Еверест, како и националниот парк кој го опкружува овој врв. Од 1962 година, глечерите се повлечени во просек за 400 м, врнежите се намалиле за 100 мм., а температурите се искачиле за повеќе од половина степен. Намалувањето на глечерите во подрачјето на Хималаите предизвика големо глобално внимание, бидејќи тие се главен извор на пиечка вода за повеќе од 1,5 милијарди луѓе во овој дел на Азија.

Извор: http://www.jutarnji.hr

ИГЕО

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *