Кинезите повторно со човечки екипаж во вселената

11.11.2012

Екипажот следното лето треба во орбитата да се спои со модулот кој служи како база за развој на кинеска вселенска станица. Кинезите планираат во април следната година да лансираат нова ракета Шенжоу 10 со човечки екипаж. Оваа лансирање ќе биде нов голем чекор за кинеската вселенска програма која има цел до 2020 година да изгради вселенска станица во орбитата. Во вселената најверојатно ќе полетаат 3 члена на екипажот (двајца мажи и една жена) кои треба да се спојат со модулот Тиангонг 1. Летот на ракетата Шенжоу 9 во април годинава, на која кинезите ја пратија и првата жена-астронаут во вселената, беше четврти со човечки екипаж од 2003 година, а Кина планира значително да ја зголеми својата присутност во вселената. Покрај изградба на вселенска станица, во план е и лансирање на првиот нивен ровер на Месечината, па и човечки мисии на неа околу 2020 година. Сепак и покрај амбициозната програма, засега Кина значително доцни зад САД и Русија во истражувањето и „користењето“ на вселената. Се очекува таквата состојба да се промени дури некаде по 2030 година.

Подготвил: д-р Ивица Милевски

Оваа статија е прочитана 4297 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *