Коку луѓе воопшто некогаш живееле на Земјата?

11.11.2012

На Земјата моментално живеат нешто над 7 милијарди луѓе и тој број секој ден расне. Интересно е прашањето колкав е овој број во однос на вкупниот број на луѓе што воопшто живееле на Земјата? Многумина мислат дека бројката од 7 милијарди население е апсолутно најголема од кога постои човечкиот род. Сепак, светски познатите демографи не се сложуваат со тоа. Така, Карл Хауб вели: „во 80-тите години на минатиот век се тврдеше дека на светот живеат 75% од сите воопшто родени луѓе до тогаш“. Меѓутоа, според неговите пресметки, денес живеат само околу 6,5% од севкупниот број на луѓе кои постоеле во човековата историја. Проценките на Хауб покажуваат дека до сега планетата Земја вкупно ја населувале 107,7 милијарди луѓе. Уште пред 10.000 години живееле околу 5 милиони луѓе, а околу почетокот на нашата ера тој број бил 300 милиони, што значи дека за вкупен период од 8.000 години, на Земјата живееле околу 46 милијарди луѓе. Некаде околу 1000-та година наша ера, Земјата била населена со 400 милиони жители, што значи дека за период од 1000 години живееле вкупно околу 25 милијарди луѓе. Во последниот пак милениум, се смета дека Земјата вкупно ја неселувале 35 милијарди луѓе, од што само во последниот век околу 13 милијарди. Така се доаѓа до вкупна бројка од 107 милијарди луѓе кои живееле или живеат на Земјата од најстарата историја до денес.

Извор: http://www.prb.org/Articles/2002/HowManyPeopleHaveEverLivedonEarth.aspx

Подготвил: д-р Ивица Милевски

Оваа статија е прочитана 4533 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *