Јапонија соочена со можна катастрофална ерупција на вулканот Фуџи

9.09.2012

Јапонските научници предвидуваат дека има голема веројатност вулканот Фуџи да еруптира по последните тектонски пореметувања во регионот, кои се значително посилни од оние пред 300 години кога вулканот ја имал својата последна катастрофална ерупција. Националниот истражувачки институт за геологија и превенција на катастрофи, издаде предупредување веднаш по минатогодишниот разорен земјотрес од 9 степени по Рихтер и последователен послаб земјотрес кај планината Фуџи. Институтот тврди дека двата земјотреси создале голем притисок на магматската комора на вулканот, што може да доведе до ерупција. Се смета дека загрозени се околу 400.000 жители, а штетата би достигнала десетици милијарди долари. Самиот град Токио оддалечен близу 100 км би имал големи проблеми со облаци од вулкански пепел и прашина. Затоа се преземаат активности за подготовка на засолништа, вежбање на евакуација и други превентивни работи. Сепак се смета дека државата сеуште не е подготвена за посилна ерупција. Последната ерупција на вулканот Фуџи се случила 1707 година и траела две недели. При тоа, вулканскиот пепел се раширил во пречник од над 100 км, а многу луѓе умреле поради глад по ерупцијата.
Инаку, Јапонија се наоѓа во една од најактивните тектонски зони на Земјата, каде се судруваат големи континентални плочи. Затоа е честа појавата на силни земјотреси, цунами, а има и поголем број на вулкани.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *