19.09.2019
- Бидејќи е планета од Земјин тип;
- Времетраењето на денот и ноќта се многу слични како на Земјата. Едно деноноќие на Марс изнесува 24 часа, 39 минути и 35 секунди;
- Има атмосфера, иако е потенка и поретка од Земјината, сепак делумно ја заштитува планетата од космичко и радиоактивно зрачење;
- Гравитацијата на Марс е 38% од онаа на Земјата. Науката е скоро сигурна дека луѓето би можеле без поголеми проблеми да се навикнат на неа;
- Има доволно сончева светлина да се користат сончеви панели, да се добие топлинска и електрична енергија, што би било една од главните причини Марс да биде нашиот втор дом;
- Температурните прилики, во споредба со останатите планети во нашиот Сончев систем не се толку лоши. Просечната температура изнесува -55°С, а највисоката може да биде и позитивна, па може да се каже дека постојат шанси за опстанок на оваа планета;
- Почвата содржи вода, што би било од големо значење за потребите на идните колонии;
- Постојат одредени индикации за постоење на течна вода на Марс. Со години се знае дека има замрзната вода, особено на половите, но веројатното постоење на течна вода би била извонредна погодност;
- Има најразновиден и најинтересен релјеф од сите планети од Земјин тип (Меркур, Венера, Земја, Марс);
- Има многубројни планини, висорамнини, клисури, долини (дури и од некогашните реки), кањони, низини, кратери од удари на метеори, постои ерозија и слично;
- На Марс се наоѓа највисоката планина во нашиот Сончев Систем (Олимп, 22 km);
- Постојат докази дека некогаш имало езера, реки, а можеби и океани;
- Има два природни сателити: Фобос (страв) и Деимос (ужас);
- Марс, слично како и Земјата има четири годишни времиња, но на Марс тие траат речиси двојно подолго;
- Една од најважните работи е тоа што Марс и Земјата се единствените планети кои што лежат во „населивата зона“ на Сончевиот Систем, односно ни премногу блиску, ни премногу далеку од Сонцето.
Планетата Марс отсекогаш привлекувала најголемо внимание и љубопитност во однос на планетите во нашиот Сончев Систем. Не затоа што се наоѓа блиску до Земјата, туку затоа што е доста интересна, привлекувјќи големо внимание на истражувачите, вселенските агенции и обичните луѓе. Посебно затоа што многумина до неодамна веруваа дека на Марс постои некаков, можеби и интелигентен жив свет и дека некогаш „марсовците“ не посетиле или не посетуваат. Дури и се верува дека некогаш постоела развиена марсова цивилизација, поради фактот дека до пред милијарда години постоела течна вода и органски соединенија на површината на Марс. Не само тоа, туку некои истакнати космолози сметаат дека животот на Земјата всушност со метеори е донесен од Марс. Дали тоа е вистина или не, можеби многу скоро ќе дознаеме, особено имајќи го во предвид големиот напредок на науката и скорешните мисии до оваа планета.
И да, некогаш е многу подобро да избегаме за момент од реалноста и секојдневието на Земјата, едноставно да мечтаеме за живот и освојување на друга планета. Кој знае, можеби еден не така далечен ден, сето ова ќе биде реалност.
Автор: Бојана Алексова – студент на Институтот за географија
Оваа статија е прочитана 4630 пати!