17.03.2015
По умерено студената, не многу снежна но врнежлива зима (барем кај нас), во петок, односно на 20.03.2012 година, во 23 часот и 45 минути стигнува пролетта. Тој ден, на целата земјина топка, денот и ноќта траат подеднакво (поточно речиси подеднакво), по приближно 12 часа. Всушност поради влијанието на атмосферата и прекршувањето на сончевите зраци низ неа, денот ќе трае за околу 10 минути подолго. Во петокот, Сонцето ќе излезе околу 5 часот и 40 минути точно на исток, а ќе зајде околу 17 часот и 50 минути точно на запад.
Пролетта завршува на 21 јуни, кога во 17 часот и 38 минути на северната полутопка почнува летото, а овој ден е познат како летен солстициум или летна долгоденица. Значи од утрешните нешто повеќе од 12 часа, постепено до 21 јуни денот ќе се зголемува до 15 часа, а ноќта ќе се намали на само 9 часа. Во исто време, додека на северната хемисвера утре почнува пролет, на јужната пак започнува есента и таму ноќите ќе стануваат подолги од деновите исто така до 21 јуни. Интересно е што во истиот ден (петок, 20.03), преку ден ќе го следиме делумното затемнување на Сонцето над Европа и над Македонија (тоталното ќе биде само во крајните северни-арктички островски области), а преку ноќта е феноменот на Супермесечина.
Според тоа, следните 3 месеци или поточно 92 дена може да уживаме во пријатните пролетни денови. Всушност, според прогнозите, веќе од 25 март ќе дојде до позначително затоплување со дневни температури повисоки од 20 степени. Топлото време особено ќе биде изразено во месец април.
Автор: д-р Ивица Милевски