Неверојатен приказ на глобалното затоплување од 1880 година до денес!

14.09.2012

НАСА го објави видеото кое ги прикажува и опишува климатските промени во светот во последните 130 години. Од ладните денови од 1880-тите години, па се до оние претоплите по 2000-та, благодарение на ова видео може да се видат климатските промени кои се случуваат многу брзо. “Знаеме дека планетата апсорбира многу повеќе енергија отколку што емитира. Заради тоа гледаме тренд на зголемување на температурите. Иако имавме послаба соларна активност во последните неколку години, 2011-та беше една од најтоплите забележани досега”, кажал Џејмс Е. Хенсен, директор на Институтот за истражување на вселената, “Goddard (GISS)”. Поточно, 2011 е деветата најтопла забележана година, а 2010-та е на врвот на листата на најтоплите. Кога на ова би се додале и податоците од 2012 година, веројатно сликата ќе биде уште поекстремна ако се земе во предвид извонредно топлото лето на северната хемисфера.
На прикажаната анимација во траење од само 26 секунди, сината боја означува пониски температури од референтните просечни вредности за периодот 1950-1980 година, додека црвената боја покажува повисоки температури од наведениот период. Интензитетот на боите укажува и на големината на отстапувањата и се движи од -2 и повеќе степени (интензивно сина) до +2 и повеќе степени (интензивно црвена). Забележете ги големите промени и во подрачјето на Република Македонија кои се јасно воочливи.

Извор: http://www.dailymail.co.uk

Подготвил: д-р Ивица Милевски

Оваа статија е прочитана 5008 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *