Во САД почнува да се гради првиот „експериментален“ град без жители вреден милијарда долари!

11.05.2012

Новиот град кој ќе зафаќа околу 25 км кв., ќе се вика Центар за иновации, тестирање и проценки. Проектот е најавен уште минатата година, но „Пегасус“ и партнерската компанија CITE Development бараа локација која ги исполнува потребните услови. Инвеститорите бараа отворени простори, а дополнителна погодност била близината на федералните истражувачки објекти. Затоа како најпогодна е избрана локација околу 20 километри од најблискиот град Хобс во Ново Мексико, кој има околу 40.000 жители. Тоа ќе биде прв ваков „експериментален“ град од тој вид во светот. Во неговата изградба ќе бидат потрошени околу 400 милиони долари во првата фаза, а конечните трошоци се испланирани на една милијарда долари. Научниците се надеваат дека ‘градот’ ќе им помогне во истражувањето иновации во полето на обновливи извори на енергија, интелегентни системи во сообраќајот и нови генерации на безжични врски. Градот, изграден за популација од 35.000 луѓе ќе има улици, куќи, комерцијални објекти, но нема да има жители. Проектот во почетниот стадиум ќе отвори 350 директни и уште околу 3000 индиректни работни места, а изградбата ќе почне на 30 јуни оваа година. При изградбата ќе се посветат и на најмалите детали, па затоа секоја куќа ќе биде на пример опремена со функционални тоалети и машини за перење алишта. “Градовите на духовите” не се непознати во САД, но за разлика од напуштените градови, новиот “паметен град” ќе биде прв од тој вид.

Извор: http://news.sky.com/home/technology/article/16224465

Подготвил: д-р Ивица Милевски

Оваа статија е прочитана 7483 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *