18.04.2012
Руските, поточно чеченски геолози сметаат дека пронашле околу 40-тина скаменети јајца од диносаурус во чеченските планини и тоа сосема случајно. Според геолозите, можно е во околината да има уште вакви фосилизирани јајца, па истражувањето е во тек. Инаку јајцата се откриени при теренските истражувања поврзани со пробивање на пат низ карпите близу границата на Чеченија и Грузија. Нивната големина се движи од 25 см до речиси еден метар. Се верува дека јајцата се стари барем 60 милиони години, а кон наоѓалиштето се упатиле и палеонтолоците за да направат радиокаробнско тестирање.
Меѓутоа, некои палеонтолози од Московскиот универзитет се сомневаат во веродостојноста на наодот бидејќи според нив, јајцата на диносаурусите биле значително помали. Тие сметаат дека оваа бомбастично „откритие“ е од маркетиншка природа за да се привлечат туристи во оваа до пред некое време конфликтна република. Останува во следните денови да се види за што точно станува збор – дали навистина се јајца од диносаурус или пак некои елиптични камени формации.
Извори:
http://au.news.yahoo.com/tech-news/a/-/technology/13454525/dinosaur-eggs-found-in-russias-chechnya
http://www.foxnews.com/scitech/2012/04/17/chechnya-claims-world-largest-dinosaur-eggs-met-with-skepticism
Подготвил: д-р Ивица Милевски
Оваа статија е прочитана 4246 пати!