Сложени органски молекули пронајдени на Титан

Понеделник, 14 Ноември 2011 00:23

Шпанските научници пронашле нови докази кои уште посилно ја потврдуваат теоријата за постоење на живот на Титан, сателитот на Сатурн. Според тврдењата на двајца научници, Josep Trigo-Rodrigueza од институтот за вселенски студии од Барселона и Javier Martin Torres од шпанскиот Центар за астробиологија, теоријата дека многу од потребните елементи за живот на било која планета, вклучувајки ја и водата на Земјата, се донесени од вселената преку комети и астероиди многу широко е распространета. Поради оваа теорија научниците веруваат дека исто сценарио се случило и со Титан. Сателитот на Сатурн е многу интересно небеско тело во сончевиот систем, на чија површина се наоѓаат реки и езера, но тоа е единствената планета со атмосфера чија структура и историја за настанување е слична со таа на Земјата. Меѓутоа улогата на водата на Титан поради големото присуство на метан и етан е многу поразлична, а неговата атмосфера воглавно се состои од нитроден и не непогодна за дишење на организмите од Земјата. “Причината за тоа е фактот дека во минатото кога Земјата и Титан се формирани, составени се од различни извори на материјали и сега имаат различни услови за живот” кажуваат шпанските научници. За сега е познато дека метанот испарува во атмосферата на Титан, а испарувањето се случува од површината на езерата кои се состојат од течен јаглерод диоксид, но одговор на прашањето како се наполниле тие езера, научниците сеуште немаат дадено. Според тврдењата на шпанските научници атмосферата на Титан, која е 10 пати потенка од атмосферата на Земјата може да претставува гигантски хемиски реактор кој може да синтетизира сложени органски молекули, а со нивното понатамошно врзување да дојде до настанување на живот на планетата.

Оваа статија е прочитана 5679 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *