Целосно затемнување во сабота

Луѓето ширум светот на 10 декември ќе можат да го следат целосното помрачување на Месечината, а истото најубаво ќе се гледа од централна и источна Азија, Австралија и Хаваиите, додека Европјаните ќе можат да го гледаат сателитот на Земјата ниско на исток при самракот.

Лунарната еклипса ќе започне во 11:33 наутро и ќе трае до 17:30. Фазата на целосно затемнување ќе трае 51 минута.

Ова ќе биде долго и последно целосно затемнување на Месечината во 2011 година. Претходното се случи на 15 јуни.

Оваа година видовме и четири делумни затемнувања на Месечината, на 4 јануари, 1 јуни, 1 јули и 25 ноември.

Следната целосна лунарна еклипса ќе биде во ноќта помеѓу 14 и 15 април 2014 година, а делумно затемнување ќе има во јуни следната година.

Во текот на овој век ќе има вкупно 85 целосни затемнувања на Месечината, а најдолгото ќе се случи на 27 јули 2018 година.

Превземено од:http://zazabava.com/celosno-zatemnuvanje-vo-sabota

 

Оваа статија е прочитана 5381 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *