Викенд предлог: Станечки водопади кај Крива Паланка

22.11.2014

Stanci VodopadАко сакате да го почуствувате мирот во себе, ако сакате да излезете од секојдневието, ви предлагаме да се искачите на Станечките водопади. Тоа е место каде се слуша тишината која владее во овој дел на Осоговските Планини. Тишината ја „нарушува“ единствено шумолењето на брзата и бистра вода, но не грижете се и тоа има смирувачко дејство. Ако посакате да ги посетите водопадите ќе мора да минете низ тесна патека која минува покрај густата шума, по камења и по дрва, кои селаните ги наредиле покрај Козја Река (притока на Станечка Река) во која завршуваат водопадите. Долината на некои места е тесна и наликува на кањон, па качувањето е тешко. Станечките водопади се наоѓаат 9 км југоисточно од Крива Паланка, во селото Станци, на Козја Река. Амбиентот го красат два водопади, едниот е висок 9 метри а другиот 11 метри. Поголемиот, Долен водопад е на надморска височина од 1160 м и функционира во текот на целата година. Неговата височина изнесува 11 м, по што е најголем постојан водопад на Осоговските Планини. Под водопадот е базенот каде паѓа водата и удира со сета своја сила, формирајќи големо вдлабнување наречено џиновски лонец. Овој природен планински комплекс, збогатен со бистрата вода која се лее низ водопадите и буковата шума која го краси амбиентот, го прави местото привлечно за туристи. Водопадот е релативно пристапен, а кон повисоките делови има неколку помали водопади кои го усовршуваат амбиентот. Кон исток, долината стрмно се издига кон билото на Калин Камен на околу 1800 м и понатаму кон Царев Врв (2085 м), што може да биде интересна рута за планинарење. Некои станечки водопадвелат дека ова место е лек за нерви, можеби навистина е така. Ова место можеби е единственото место каде би можеле да се одморите и да ги наполните батериите за следните денови.

Извори:
1. http://www.igeografija.mk/Portal/?p=1163
2. http://daily.mk/vesti/vikend-predlog-stanechki-vodopadi
3. http://www.northeastregion.gov.mk/projectsfiles/krivapalankalq.pdf

Изработила: Митовска Емилија

Оваа статија е прочитана 9169 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *