HERE Maps со извонредна андроид навигација и детални карти (вклучувајќи ја и Македонија)

26.10.2014

Here-mapsДеновиве, Nokia HERE – делот од компанијата Нокиа кој не беше продаден на Microsoft, овозможи бесплатно симнување на нивната навигациска алатка HERE Maps (некогашна Nokia Maps) за андроид уредите, но и за речиси сите останати мобилни платформи. Оваа апликација функционира со соодветни бесплатно достапни и многу квалитетни карти изработени од истата компанија. Преку нивната веб-страница можат да се симнат комплетни електронски карти на држави по избор, кои можат да се користат без потреба од интернет конекција, вклучувајќи ја можноста за пребарување на места, точки од интерес и целосна навигација. Со помош на апликацијата и картите може да се пронајдат потребните места и различни точки од интерес (хотели, ресторани, музеи и др.), а поддржана е целосна turn-by-turn гласовна навигација. Со други зборови HERE Maps е апликација која што ги нуди сите во денешно време популарни функции. По купувањето на делот од Nokia за мобилни телефони и сервиси, од HERE најавија дека ќе започнат со посериозно развивање на апликации за Android оперативниот систем, почнувајќи се разбира со нивниот моментално најпопуларен производ, HERE Maps. Картите од септември оваа година беа достапни само за корисниците на Galaxy уредите од Samsung, а беше најавена поддршка и за другите. Треба да се напомене дека државите од Балканскиот Полуостров, па и од цела Европа се многу добро покриени и детални, а надополнувањето и ревизиите се перманентни.

Инаку, како што е веќе објавено на ИГЕО-порталот, Институтот за географија при ПМФ во Скопје, уште пред две години воспостави одлична партнерска соработка со регионалното претставништво на HERE Maps, што вклучува учество во надополнувањето и контролата на картите за Македонија.

HERE Maps сеуште не може да се симне од Play Store на Google (што можеби е и разбирливо), но затоа може директно да се преземе во .apk формат од нивната веб страница или од долниот линк:

http://here.com/download/?lang=en-US

Подготвил: д-р Ивица Милевски

Оваа статија е прочитана 4271 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *