Најголемите и најатрактивни пешачки висечки мостови во Македонија

20.10.2014

Пешачки висечки мостови обично се користат во подалечни, зафрлени или изолирани области, каде е нерационална или невозможна градба на посовремен мост. Поради традиционалната, едноставна и „примитивна“ конструкција, ваквите мостови се несигурни, а некои дури и опасни за користење. Меѓутоа, токму поради својот атрактивен и „предизвикувачки“ изглед, во последно време ваквите мостови стануваат туристички атракции. Инаку, за најопасен пешачко-висечки мост на светот се смета оној на реката Хунза кај селото Хусеини во северен Пакистан, долг околу 160 м.

60803317Според нашите сознанија, во Република Македонија има преку 100 пешачко-висечки мостови. Речиси сите во минатото (некои и денес) биле изградени од локалното население и користени како единствен начин за премин преку река. Атрактивни висечки мостови сеуште има на Вардар, Црна Река – посебно низ Мариово, на реката Радика и нејзините притоки, на реката Треска и други. Сепак, најголем дел од овие мостови се запуштени, а некои веќе не можат да се користат иако интересот на туристите е се поголем за посета на вакви атрактивни и адреналиски содржини. Еден од најголемите и најатрактивни пешачки висечки мостови во Македонија се наоѓа на реката Вардар кај железничката станица Пчиња, односно кај вливот на Пчиња во Вардар. Овој мост долг 53 м е направен од даски и затегнати челични сајли. Неколку километри низводно во Таорската Клисура има уште еден атрактивен пешачки висечки мост со речиси иста должина и градба како претходниот. Тој во моментот е единствената директна врска меѓу 2qxyqo7селата Слп и Сопот од двете страни на реката. Неколку помали висечки мостови на Вардар има помеѓу селата Рашче и Радуша и нивната должина е од 25 до 35 м. Модерен висечки мост на реката Вардар има помеѓу Ѓорче Петров и селото Крушопек, во должина од 52 м, а поатрактивен е висечкиот мост кон с.Лака 1,5 км низводно, долг 48 м.  Неодамна, преку реката Блашница, односно кај нејзиниот влив во Тиквешко Езеро е направен интересен и атрактивен помал (10 м) висечки мост, кој е врска со селото Клиново (денес раселено). Во овој простор има уште неколку висечки мостови на Црна Река, меѓутоа дел од нив се веќе неупотребливи, бидејќи поради раселеноста никој не ги користи подолго време. Нешто подолг висечки мост е изграден на реката Треска кај с. Шишево (околу 25 м) како пешачки премин кон другата страна на реката. Сите споменати, но и други висечки мостови треба да се стават во туристичка функција, а оние 29875195запуштените, доколку се атрактивни и со можност за посета, треба да се обноват и промовираат во туристички цели. Доколку знаете некој таков интересен висечки мост, ве замолуваме да ги споделите вашите интересни сознанија во делот за коментари или на адресата на ИГЕО-порталот.

Автор: д-р Ивица Милевски

Оваа статија е прочитана 7386 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *