21.02.2014
Познатиот Национален музеј на природата во Вашингтон, кој претставува дел од Смитсониан Институтот, од неодамна изработи и постави инетрнет страница со интерактивна виртуелна прошетка низ него. На тој начин, овој престижен музеј кој ги прикажува речиси сите најинтересни места на нашата планета, но и она што се случувало низ геолошката историја, стана достапен за секого. Самиот музеј зафаќа површина од над 300.000 метри кв. и би биле потребни неколку дена за „одблиску“ да се види се. Така, првиот кат е посветен на животните кои живееле во леденото време, потоа на остатоци на диносауруси, како и реплики на животни кои денес живеат во студените предели на Северна Америка. Во овој дел има и остатоци, односно реплики од човековите предци, океанска хала, хала во која се изложени еволутивни стадиуми на цицачите и многу друго. На вториот кат пак има минеролошка збирка, збирки на пеперутки, разни остатоци од коски, како и реплики и мумии. Сепак, најубаво е сами да го откривате музејот и да уживате во прекрасната 3Д виртуелна прошетка која е едноставна и навистина фасцинантна.
За влез во виртуелниот музеј кликнете овде!
Подготвил: д-р Ивица Милевски