7.10.2012
Во почетокот на октомври, на јавноста и беше претставен новиот интересен проект на француската компанија „Dassault Systèmes” која се занимава со изработка на 3Д виртуелни прикази. Станува збор за тродимензионален модел на Париз и неговите трансформации низ историјата. Заинтересираните преку посета на веб страницата „Paris.3ds.com“ можат да прошетаат низ историјата и да видат како изгледала француската престолнина низ вековите. Овој интерактивен проект овозможува следење на развојот на населбите во Париз низ минатото и изградбата на најпознатите зданија во градот на светлината. Необичните прикази на градбата на Ајфеловата кула или пак катедралата Нотр Дам изгледаат прекрасно низ 3Д анимација. Анимациите се изработени врз основа на расположивите археолошки и други податоци, со помош на специјализиран софтвер за тродимензионално моделирање. Содржините во иднина може да се ажурираат и надополнуваат со нови сознанија, што го прави целиот проект доста флексибилен. Раководните лица од компанијата која го изработи овој проект укажуваат дека веќе има бројни барања за слични прикази на други градови и престолнини низ Европа.
ИГЕО-портал
Оваа статија е прочитана 4693 пати!