Месечината на Јупитер крие живот?

Научниците веруваат дека дошле до сензационално откритие во Сончевата галаксија. Имено, пронашле докази дека на месечината на Јупитер, која е симболично наречена Европа, има море и големи се можностите таму да пливаат живи суштества.

Научниците кои со години ја проучуваат површината на месечината на Јупитер веруваат во тоа дека откриле постоење на вода на таа месечина, а со тоа можеби дека постои и живот.

Иако експертите уште од 1989 година ја проучуваат оваа планета, дури неодамна со развивањето на модерната технологија дошле до сознание дека под површината на месечината има водни струи.

Научниците велат дека на три километри под замрзнатата површина на Европа се крие голем океан длабок дури 160 километри.

Вселенските агенции НАСА и ЕСА работат на заедничкиот проект кој ќе ги одведе до месечината на Јупитер.

via ВИДЕО: Месечината на Јупитер крие живот?

Извор: Tocka.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *