25.05.2012
Наскоро ќе започне изградбата на најголемиот и најсовремениот радио-телескоп во светот, способен да детектира дури и многу слаби сигнали на екстратерестричен живот во далечните предели на вселената. Изградбата на овој телескоп наречен „Square Kilometre Array“ или „SKA“ ќе чини околу 2 милијарди долари. Истиот ќе биде лоциран на три различни подрачја: Јужна Африка, Австралија и Нов Зеланд. Кога ќе биде завршен во 2024 година, телескопот ќе се состои од 3000 кружни „чинии“, секоја со пречник од по 15 метри, а покрај нив системот ќе има огромен број на антени кои заедно ќе сочинуваат огромна приемна површина. Оваа технолошко чудо од телескоп, ќе биде 10.000 пати побрз и 50 пати поосетлив од било кој друг постоечки телескоп. Со тоа ќе може да „набљудува“ во најдлабоките делови на вселената и да детектира сосема слаби сигнали. Телескопот ќе се користи за проучување на настанувањето на вселената, но поради многу големата осетливост ќе може да детектира сигнали од евентуални други екстратерестрични светови. Научниците велат дека овој телескоп ќе им помогне на научниците да разберат од што се состои вселената, бидејќи има се повеќе показатели кои укажуваат дека речиси 95% од масата на вселената е составена од сеуште непозната темна материја и темна енергија.
Извор: http://news.yahoo.com/giant-radio-telescope-gets-split-location-125444225–sector.html
Подготвил: д-р Ивица Милевски
Оваа статија е прочитана 4832 пати!