Овој викенд набљудувајте го прекрасниот метеорски рој Лириди

20.04.2012

Од 16-ти до 26-ти април на небото ќе може да се видат Лиридите. Лириди претставуваат покарактеристичен метеорски рој, а името го добиле според делот на небото каде се појавуваат – соѕвездието Лира во близина на најголемата ѕвезда Вега кој доминира во овој дел на небото. Причина за овој метеорски рој се остатоците од кометата Татчер (C/1861 G1) која поминала блиску до Земјата и со себе оставила огромен број ситни честички на кои Земјата наидува секоја година во ова време. Најголем број метеорски појави се очекуваат во ноќта помеѓу 21-ви и 22-ри април (сабота спрема недела) и тоа по околу 20 метеори на час. Сепак, овој метеорски рој е непредвидлив, така што можно е да се видат и до 100 метеори на час („ѕвезди што паѓаат“). Нешто послаба појава на метеори ќе има ноќта помеѓу недела и понеделник (22-23 април).

Инаку се очекува условите за набљудување на метеорите да бидат одлични со оглед на тоа што небото ќе биде темно, без Месечина, а во метеоролошки поглед

Ѕвездата Вега во соѕвездието Лира од правец на Скопје, ноќта помеѓу 21/22 април

се очекува делумно ведро време, со малку облаци. Најдобар период за набљудување ќе биде во сабота (21. април) по 22 часот. Во тоа време, соѕвездието Лира постепено ќе излезе над хоризонтот на североисток, а во исто време може да се види и Сатурн, само во југоисточен правец. За добро набљудување нема потреба од оптички инструменти – доволно е само потемно место, подалеку од урбаните светла, а појавата може и да се фотографира или сними со бавна експозиција.

Подготвил: д-р Ивица Милевски

Оваа статија е прочитана 3825 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *