Најновата ерупција на вулканот Етна!

Вулканот Етна на Сицилија, еден од најактивните вулкани во светот, еруптираше во недела (12.11.2023), исфрлајќи лава и облаци од пепел високо над медитеранскиот остров Сицилија, по неколкумесечна смиреност. Од тогаш, сè уште може да се види жариште каде се наоѓа вулканот додека тој продолжува со својата постојана состојба на активност. Сателит на Европската вселенска агенција (ESA) направи снимка од Етна, каде особено се гледа протокот на лава, видлив како светла крваво-црвена дамка. Оваа слика, снимена на 13 ноември од мисијата Коперник Сентинел-2, е обработена со помош на кратки бранови инфрацрвени појаси го прикажува протокот на лава. Инаку, Етна е еден од најактивните вулкани во светот. Изгледа импресивен, но истовремено и опасен. Со висина од приближно 3329 m, планината Етна е речиси постојано активна. Пепелта и облакот создадени поради честите ерупции претставуваат закана за блискиот град Катанија, кој се наоѓа на брегот на Сицилија. Катанија е дом на над 300000 луѓе. И покрај активноста на вулканот и изливите од пепел, не била преземена евакуација поради последната ерупција и аеродромот Катанија остана отворен.

Фото: Салваторе Алегра, 2023

Сателитски податоци може да се користат за откривање на мали знаци на промена што може да претскажат ерупција. Штом ќе започне ерупцијата, оптичките и радарските инструменти можат да ги регистрираат различните феномени поврзани со неа, вклучително и течењето на лавата, лизгањето на калта, пукнатините на земјата и земјотресите. Атмосферските сензори на сателитите, исто така, можат да ги идентификуваат гасовите и аеросолите ослободени од ерупцијата, како и да го измерат нивното пошироко влијание врз животната средина.

Фото: Салваторе Алегра, 2023

Мисијата Коперник Сентинел-2 за набљудување на Земјата се состои од два соодветни сателити. Орбитерите ги следат шумите, земјоделството и океаните и следат природни непогоди како земјотреси или вулкански ерупции. Сателитските податоци може да се користат за откривање на благи знаци на промена што може да претскажат ерупција. Штом ќе започне ерупцијата, оптичките и радарските инструменти ги регистрираат различните феномени поврзани со неа, вклучително и лавични текови, одрони од кал, пукнатини и земјотреси. Исто така, сателитите на ЕСА не се единствените кои го следат вулканот Етна. Националната администрација за океани и атмосфера на САД има свој систем на сателити кои ја следат Земјата. НОАА здогледала жешка точка во текот на 12.11.2023 година.

Фото: Коперникус Сентинел-2, ЕСА

Ерупцијата на Етна е само еден значаен пример за моменталната вулканска активност. Исланд се подготвува за ерупција откако значителни земјотреси ја потресоа земјата околу Фаградалсфјал на полуостровот Рејкјанес. Жителите на блискиот град Гриндавик веќе се евакуирани. Авиокомпаниите и патниците се подготвуваат за потенцијални влијанија доколку Фаградалсфјал еруптира и испушти вулканска пепел. Етна, исто така, има способност да го наруши воздушниот сообраќај, но аеродромот во Катанија остана отворен за време на најновата ерупција на вулканот. Етна е активна долго време. Досегашните сознанија говорат дека вулканот датира од пред 1500 п.н.е., според Смитсонијан. Нема знаци дека Етна планира да направи „пауза“ во скоро време. Сателитите ќе продолжат да ја набљудуваат експлозивната планина и да ги следат знаците на немири.

Вулканот Етна. Фото: Алексова Бојана, 2022

Напишала: Бојана Алексова, постдипломец по геонауки, ПМФ, УКИМ

Извор: www.esa.int/ESA_Multimedia/Images/2023/11/Italy_s_Mount_Etna_spews_lava

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *