Спектакуларна ерупција на вулканот Кракатау!

11.04.2020
Вулканот Кракатау познат уште како Кракатоа се наоѓа во Индонезија, a истиот е лоциран на малиот Сундски Архипелаг помеѓу островите Суматра и Јава. Претставува вулкан кој се одликува со разновидна активност, која се издвојува како посебен тип на вулкани. Покрај продукцијата на лава и гасови, активноста на овој вулкан се одликува со силни експлозии проследени со исфрлање на огромни количини на пареа, гасови и пирокластичен материјал. Активноста на вулканот е поврзана со субдукцијата на Индискоaвстралиската плоча која се подвлекува под Евроазиската плоча.

Инаку, доцна вчеравечер (10.04.2020) во 22 часот по локално време вулканот еруптираше со силна ерупција која исфрли чад, пепел и гасови во височина до 500 метри, а неговата експлозија беше чуена до главниот град на Индонезија – Џакарта на оддалеченост од 150 km. За среќа, за време на ерупција нема насрадани.

Имено, вулканот Кракатау е познат по моќната ерупција од 1883 година кога доаѓа до силна експлозија во која настануваат крупни промени, притоа исчезнува и се разурнува поголемиот дел од островот со вулканските купи. На нивно место се создала депресија во морето длабока до 279 m. Самата експлозија била неколку илјади пати посилна од атомската бомба во Хирошима. Предизвикала разбранување на атмосферата, чии бранови за 4,5 пати ја обиколиле Земјата. Покрај тоа, експлозијта се слушнала на големи далечини (преку 3.400 km). А што било најтрагично, самата ерупција создала цунами бранови високи до 35 m, кои усмртиле над 36.000 луѓе (најголем дел од островите Јава и Суматра). За време на ерупцијата во 1883 година од Кракатау биле исфрлени 21 km ³ вулкански материјал. Повеќе за моќниот вулкан Кракатау.

Извори:
https://www.igeografija.mk/Portal/?p=689
https://www.thejakartapost.com/news/2020/04/11/anak-krakatau-erupts-loud-rumble-heard-in-virus-stricken-greater-jakarta.html

Подготвил: Дарко Стојчески, дипломиран географ

Оваа статија е прочитана 4519 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *