Нов земјотрес во Турција

Оваа седмица, Турција повторно беше изложена на потреси. Во серијата нови земјотреси што ја погодија Источна Турција особено трагичен беше земјотресот што се случи во средата (09.11.2011). Овој земјотрес ја погоди провинцијата Ван, неговиот интензитет инесува 5,6 степени според Рихтеровата скала, а додека неговиот епицентар е регистриран северозападно од градот Ван (367.000 жители) т.е.  во околината на градчето Едремит.  Последиците од овој земјотрес се нови 25 урнати згради и над 30 загинати, меѓу кои има новинари и хуманитарни работници, кои биле ангажирани за справување со последиците на земјотресот од 23 октомври. Пред три недели градот и провинцијата Ван беа потресени од многу силен земјотрес, чиј интензитет изнесуваше 7,2 степени според Рихтеровата скала. Билансот на овој земјотрес е преку 1.000 разурнати објекти и над 600 загинати.

Подготвено од: Дарко Стојчески

 

Оваа статија е прочитана 7331 пати!

2 thoughts on “Нов земјотрес во Турција

  1. Одлично поставена вест колега. Уште малку да поекспериментираме со опциите и да најдеме начин како да стои датум на објавување во главното мени покрај секоја вест и би било супер. Фала ви на соработката!

  2. Нема проблем, продолжуваме понатаму. :)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *