Географија на танците

27.06.2017

Државите ширум светот уште во минатото така и денес, освен по јазикот и писмото така и по начинот на танцување се оделуваат од другите држави и народи. Таквите танци се развивале со години најчесто како резултат на верски и племенски обреди во разни облици и утврдени движења. Така во многу држави, народот со танцување запаѓал во транс за да може да комуницира со боговите. Во Европа традиционалните танци водат потекло од верските обичаи, а играњето е во вид на круг околу личноста која се почитувала. Во Африка танцувањето е најчесто поради племенски обичаи, додека во Источна Азија традиционалните танци се дел од театарски драми. Традиционалните танци пак во Јужна (Латинска) Америка денеска се дел од спортското танцување ширум светот. Огромен е бројот на танците ширум светот, а дел од нив освен во државата во која се танцуваат се раширени и во другите држави. Некои од популарните танци се:

Самбата е танц карактеристичен за Бразил кој има потекло од Африка. Денеска овој танц претставува бренд на оваа држава, поготово за карневалот во Рио де Женеиро. Варијациите за танцување се бројни но најзастапен е во играње со партнер.

Пасо добле е танц кој потекнува од Шпанија, и ја претставува имитацијата на основните чекори на движење на матадорите во борбата со биковите. Машкото е во центарот на вниманието зошто тој го претставува матадорот додека девојката е марамата.

Салсата е по потекло од Куба, а е создадена како мешавина од Шпанска (европска) и Африканска култура. Таа е една од најпопуларните танци ширум светот и нема континент на кој што не се танцува. Од оваа држава исто така потекнува и румбата која е донесена од робовите, а нејзиното име о
значува „забава“. Терминот денеска се користи и за популарната музика која што потекнува од Шпанија или музика која се развила на двете страни на Атлантикот. Постојат повеќе типови на румба како: Кубанска, Каталонска, Фламенко и Африканска румба.

Валцерот е танц кој потекнува од Австрија. Својата популарност ја достигнал во XIX век во музичкиот стил на романтизмот. Освен карактеристичниот Виенски валцер во спортското танцување се танцува и Англиски валцер или бавен валцер.

Бачатата е карактеристичен танц за Доминиканската Република, а најмногу се танцува околу Карибскиот Басен. Постојат два типа на бачата и тоа Доминиканска и Колумбиска бачата.

Тангото е еден од најпопуларните танци кој потекнува од Аргентина и Уругвај. Се појавил пред втората половина на 19 тиот век, а подоцна еволуирал во повеќе типови. Денеска најкарактеристични се Аргентинското, Финското, Кинеското, Балрум и Класичното танго.

Денеска овие танци се споени во две групи и тоа латиноамерикаски и стандардни танци. Таквото групирање е прифатено од поголемиот број на држави, а истите освен за рекреација и спортско натпреварување, претставуваат и дел од наставниот план во училиштата.

Автор: Глигорије Џилвиџиев дипл. географ

Оваа статија е прочитана 5940 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *