Изминатиот јануари, во Македонија беше меѓу најстудените во последните неколку децении!

5.02.2017

Planina GolakСпоред метеоролошките и климатските податоци, претходниот месец – јануари, беше меѓу најстудените во Република Македонија во последните 20-тина години. Имено, просечните температури беа за околу 3-6 степени пониски од долгогодишниот просек за истиот месец. Во Скопје, просечната температура за овој јануари изнесува помеѓу близу -4 степени, што е за 4 степени пониско од просечните повеќегодишни јануарски вредности (0,6 степени Целзиусови). Најниската пак се спушти до -21 степени и тоа на 8. и 12. јануари. Во Берово, просечната јануарска температура оваа година беше -6 степени или 5 степени под просекот за овој месец (-1,2 степени), а најниската се спушти дури до -28 степени! Во Тетово, средномесечната јануарска температура беше 3 степени пониска од долгогодишниот просек (-0,5 степени). Помали отстапувања се забележани во Охрид со -1 степен или околу 2,5 степени пониско од просекот за овој месец (1,8 степени), што се должи на влијанието на Охридското Езеро.

Слични ниски просечни јануарски температури, во Македонија се забележани во 2000-та година, потоа во 1990 година, 1964 година и др.

Интересно е да се напомене дека покрај неколку степени пониските температури, за овој јануари беше карактеристична поголема и долготрајна снежна покривка, особено во северозападниот, западниот и северниот дел на државата. Така, во Скопје, снегот непрекинато се задржа 32 дена, од 5 јануари до 5 февруари. Слично непрекинато траење на снежната покривка е забележано во декември-јануари 2001/2002 година, а максималното изнесува дури 74 дена!

Подготвил: д-р Ивица Милевски

Оваа статија е прочитана 3952 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *