8.06.2015
Светскиот гигант за ГПС навигација TomTom, започна постапка за детално и прецизно дополнување на дигиталните мапи со патната мрежа во Република Македонија. За таа цел, оваа компанија склучи договор со Тримакс Картографија од Скопје, која до крајот на 2015 година ќе изработи геодатабаза на патната-улична мрежа за 45 градови и населени места во Македонија. Со договорот е предвидено да се мапираат околу 5 000 км улична мрежа, заедно со имињата на улиците, типот, брзината и други податоци. Заради сложеноста, обемот на работа и кратките рокови, во постапката се користат иновативни пристапи развиени од д-р Ивица Милевски, професор на Институтот за географија во Скопје. Истите се базираат на специјална обработка на сателитски снимки и на постоечки ГПС и ГИС датабази (RS-vector extraction). На тој начин, веќе кон крајот на оваа година, TomTom за своите корисници ширум светот ќе понуди ГПС-мапи со патна мрежа за Македонија, која ќе биде многу подетална од оние на Google Maps, Open Street Maps, HERE и др.
Оваа статија е прочитана 5244 пати!