19-годишен студент од САД го освои Јужен пол за само 18 дена!

26.12.2013

На точно 102 години од првата експедиција до Јужниот пол, 19-годишен студент од САД со помош на скии стигна до оваа точка за само 18 дена, со што постави светски рекорд. Освен што е најбрз, Паркер е и најмлад човек кој некогаш стигнал на Јужниот пол. Поради големиот ментален и физички напор, за деновите на експедицијата, Паркер изгубил 10 кг од својата тежина, а јадел само ореви и сува храна. Инаку, првата експедиција до Јужниот пол била предводена од норвешкиот истражувач Роалд Амундсен. Тој и четворица други истражувачи по цели 2 месеци од почетокот на експедицијата, пристигнале на Јужниот пол на 14 декември 1911 година. Тоа било пет недели пред британската експедиција, предводена од Роберт Скот. Амундсен и неговиот тим се вратиле безбедно до нивната база, а подоцна се дознало дека Скот и неговите четири сопатници починале при нивното враќање. Инаку, моментално на Антарктик и Јужниот пол е „лето“, со температури кои се движат од 0 до -40 степени Целзиусови, а ветровите на некои места достигнуваат брзини и над 100 км/ч.

Извор: www.b92.net;
www.inpress.com.mk

Подготвил: д-р Ивица Милевски

Оваа статија е прочитана 7274 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *