Утре (5 јули) Земјата ќе биде најдалеку од Сонцето за 2012 година

4.07.2012

Утре, на 5 јули во 05 часот, Земјата ќе се најде најдалеку од Сонцето на својата орбита, поточно на 152 милиони км или околу 2,5 милиони км подалеку од просечното растојание. Во оваа положба позната како афел, орбиталната брзина на движење на Земјата е најмала и изнесува 29,3 км/сек (просечната е 29,8 км/сек, а најголемата е 30,3 км/сек). Веќе од задутре (6 јули), Земјата ќе „забрзува“ и постепено ќе ја намалува оддалеченоста од Сонцето се до положбата наречена перихел, која ќе се случи на 5 јануари 2013 година. Инаку, без оглед што е најдалеку, поради „поставеноста“ на северната полутопка кон Сонцето, овде е лето, додека на јужната полутопка е зима. Обично, највисоките летни температури на копното се јавуваат токму во месецот кој следува по положбата афел (5.07-5.08), а покрај морските области половина месец подоцна. Така и во Македонија, високи температури би требало да се задржат до 20.08 (но за тоа влијаат и бројни други фактори кои беа споменати во статијата „Подгответе се за уште едно жешко лето во Република Македонија“).

Автор: д-р Ивица Милевски

Оваа статија е прочитана 5013 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *