Работата на терен често бара многу вештини, така што теренските екипи се соочуваат со многу различни проблеми, особено ако се работи за собирање на податоци за ГИС. Во денешно време, без употреба на ГПС тоа не би било возможно, но сепак таквиот начин на собирање на податоци има ограничување. Често сигналот на сателитот е блокиран, а тоа е најчесто заради високи згради, дрвја и облакодери. Во тој случај, класичниот ГПС уред ја пресметува позицијата на центарот на антената, што значи дека на места каде сигналот е блокиран не може да се мери. Во такви случаеви може да се употреби уред кој е додаток на ГПС-от, а тој се вика ,,Encoder”.
Предности на мерењата со ,,Encoder” уредот во комбинација со ГПС се:
- Полесно собирање податоци на непристапни места,
- Поголема сигурност при мерење на тешко пристапни локации,
- Го намалува времето на мерење,
- Го намалува бројот на луѓе кои се потребни при мерењето и
- Штеди време и пари.
Моментално, постојат два основни типа на ,,Encoder” уреди, кои користат опсег за мерење на должините и тоа се MapStar Angle Encoder (MSAE) и MapStar Compas Modul II.
Уредот MapStar Angle Encoder (MSAE) претставува суштинска алатка при мапирање во урбани средини, особено во околина на згради. Аголната точност нема да биде загрозена во овие области. Овој уред е значаен за прецизно 3D мапирање со помош на ласерот Laser Tech TruPulse, користејќи ги координатите X, Y, Z. Системот за ласерско позиционирање MapStar Angle Encoder се интегрира со GNSS приемници и ГИС апликации за собирање податоци и далечинско ласерско мапирање. Овој уред ги мери и пресметува хоризонталните агли со мошне голема прецизност и точност, што резултира со сигурни мерења.Ласерската технологија MapStar Compass Module II (MSCM II) е повеќе од обичен компас и носи големи предности во мерење на азимут. Овој уред со голема леснотија се интегрира со далечинска детекција и компатибилен софтвер. MSCM II уредот го пресметува азимутот према правецот север, односно према дефинирани координати. Вредноста на азимутот е вклопена со должината, при што се пресметуваат потребните координати X, Y и Z. Оваа нова генерација на ласерски компаси бара калибрација за да се прилагоди на локалниот магнетен пол.Во тој случај, слободно можеме да кажеме дека примената на модерната ласерска технологија во комбинација со ГПС, при теренските истражувања би била од голема помош, со оглед на тоа што секој од додатоците си има свои предности во ГИС.
Извор:
- www.usdigital.com/products/encoders?gclid=EAIaIQobChMIpozN29KV6AIVFouyCh3kcwyeEAAYASAAEgJ7lvD_BwE
- www.field-map.com/files/MapStar.pdf
- lasertech.com/product/pm-mapstar-truangle/
Напишала: Бојана Алексова, професор по географија
Оваа статија е прочитана 146 пати!